Наслов

Tренирајте ги вашите движења наместо вашите мускули

Кога станува збор за дизајнирање на тренажен план во насока на развивање на одредени физички способности со цел да се подобри изведбата во одредена спортска дисциплина, во игра влегува „функционалниот" тренинг, односно тренинг со одредена цел.

За да можемe да ја разбереме важноста на функционалниот тренинг треба да одговориме на следниве неколку прашања.

Колку спортови се изведуваат во седната положба?

Колку што ми е мене познато само неколку спортови (веслање, кајак на диви води) па од тука произлегува дека вежбите за долните или горните екстремитети кои се изведуваат во седната или легната положба спаѓаат во групата на нефункционални вежби.

Колку спортски активности се изведуваат во непроменлива околина каде што стабилноста се обезбедува со помош на надворешни справи?

Одговорот на ова прашање е ниту една. Најголемиот број на активности се изведуваат на спортски терени каде што спортистите сами ја обезбедуваат рамнотежата при изведување на специфичните активности. Оттука произлегува дека било која вежба која се изведува на одредена справа која обезбедува стабилизирање на теретот припаѓа во групата на нефункционални вежби. И покрај тоа што тренингот при кој се користат машини го намалува процентот на повреди, истиот не обезбедува доволен проприорецептивен стимул (внатрешен сензорен фитбек за позицијата на одредени делови од телото и нивното движење), па недоволните вежби каде се стимулира стабилизацијата ќе доведат до зголемување на повредите за време на натпреварите.

Следно прашање на кое треба да одговорите е колку спортски активности се изведуваат со изолирање на еден зглоб?

Одговорот е ниту една. Функционалниот тренинг е фокусиран на примена на повеќезглобни движења истовремено. Верн Гамбета и Гери Греј, експерти во полето на функционалниот тренинг тврдат „еднозглобни движења кои изолираат конкретен мускул не се функционални. Повеќезглобните движења кои интегрираат повеќе мускулни групи при изведување на одредени движења спаѓаат во групата на функционални движења" (Гамбета и Греј 2002)

За крај ФУНКЦИОНАЛНИОТ ТРЕНИНГ можеме да го дефинираме како целина од вежби кои ги учат спортистите како да манипулираат со сопственото тело и тежина во сите рамнини, инкорпорирајки вежби за рамнотежа и проприорецепција (свесност за позицијата на телото) во тренингот и користење на различни концепти за подобрување на брзината, силата и моќноста, за подобрување на спортските перформанси и редуцирање на повредите.

17 Јули 2013

За авторот