Клуб за уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски“

Научете уметничко лизгање на вистински мраз

Можеби заостануваме во овој елегантен и грациозен спорт, но време е да ја промениме традицијата и да им овозможиме на младите надежи да докажат дека и Македонија има талент за уметничко лизгање. 

Уметничко лизгање е зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно се лизга на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови.

Во СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓа првиот затворен центар за хокеј и уметничко лизгање на вистински природен мраз, каде покрај рекративно лизгање се тренинра и професионално уметничко лизгање со искусни тренери, Ксенија Јастшењски и Марина Јованович, во склоп на лизгачкиот клуб „Вардар“. Групите се поделени по ниво на спремност, а годините не се важни, секој може да се приклучи и да научи да лизга на мраз.

Учесниците во клубот ги учат елементите на уметничко лизгање на мраз, но редовно имаат и кондициони тренинзи, гимнастика, техника лизгање и балет во сала со балерината Славица Огненовска со цел да се развие целосниот профил на спортист од овој грациозен, но прилично тежок спорт. Дури и вон зимската сезона, кога лизгалиштето не работи, се продолжува со тренажниот процес за да се одржи спремноста на спортистите.

Повеќе информации за термини и цени ТУКА.