Winter is here

Традиционален телемарк стил на мистичната Шара

Некаде во мистичната Шар Планина (читај – на скилифтот Г), Македонката Илина Арсова заедно со Италијанецот Албино Бебер реши да скија Телемарк на традиционален начин. 

Како дел од Телемарк (Р)еволуцијата која се одвиваше за првпат во Македонија претходниот викенд беше направена и кратката неформална демонстрација на овој начин на скијање во неговата традиционална форма.

Телемарк скијањето е еден од најстарите начини на скијање кој првично се користел како средство за секојдневен транспорт кај луѓето. Измислен е во Норвешка, но првичните корени воопшто на скијањето датираат уште од многу поодамна некаде во Кина.

Традиционалниот стил се изведува со помош на голем дрвен стап кој се користи за потпомагање и како кормило, а погоре Илина и Албино се истотака облечени во традиционална волнена облека. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија