Предизвикај се и сурфај

Сакате нешто поразлично и ново за време на вашиот одмор и се одлучивте за сурфање? Одлично! Спремете се за нова димензија и различен “life style”. Забава и задоволство кои не се купуваат, туку со свои сили и инает/тврдокорност се доживува. Нема друг начин , сè зависи од вас, бидејќи “you have to get through it and to give yourself up”!!

Еве неколку факти и почетнички техники кои би требало да ги знаете…

Потребна ви е соодветна опрема која е во сооднос со временските услови и вашите карактеристики.
Костум за вода, кој ќе ве заштити од ниските температури на океанот, кој што може да биде во различни димензии и дебелини. На Атлантскиот океан најчесто се користат 4/3 и 2/3 (преден и заден дел/раце).
Штица за вода, која е во сооднос со вашата висина и тежина, како и перформансите кои што сакате да ги постигнете, Долга штица (Longboard), Кратка штица (Shortboard), Пиштол (Gun), Шина (Rail), Опашка (Tail) и многу многу други. За почетници, доволно е да започнете со големите сурф Почетнички -штици (Beginners -boards ) за поголема стабилност.
Напредното сурфање се стекнува со време и часови поминати во вода. Најискусните сурфери во светот возеле илјадници бранови и во повеќе океански услови. За почетници, доволно е во вашите први обиди да останете на белите бранови, да успеете да се исправите и одржите рамнотежа.
Вклучете се во група со инструктор со што ќе останете мотивирани и брзо ќе напредувате. Ова е првиот и најтешкиот чекор, кој ако го поминете другото само ќе си дојде. Ако сакате побрзо да напредување следете ги големите мајстори, како тие го прават тоа и забележете ги деталите. Лесно зарем не?! ☺

Неколку важни факти пред да скокнете во вода!

Дадете си време да го проучите океанот, ветерот, брановите, плима и осека. Сето тоа ќе го одреди вашиот стил на сурфање, брзина и времетраење.
Висока плима не е препорачливо да се вози, бидејќи брановите силно се кршат на брегот и ве исфрлаат. Додека пак, осека е совршено време, иако се зависи од вашата локација.
Брановите можат да бидат непредвидливи и немирни и во неколку наврати. Доколку ги препознаете, го забележите интервалот и повторувањето, ќе можете да се подготвите, да зачувате енергија и да постигнете подобри перформанси. Брановите најчесто се во група (ако се 3, средниот е најголем, или пак 7 напоредни).
Ветерот е најважен фактор за сурферите, креаторот на брановите. Најдобра насока е “Offshore wind” која овозможува совршено формирање на брановите и чисто затворање.
Влеговте во вода?
Првата средба изгледа многу поразлично од брегот и по некое време забележуавте дека не е толку страшно како што ви се чинело.
Започнува веслањето… препорачливо е никогаш да не веслате во директен правец каде се превиткува бранот, бидејќи на тој начин нема да пречите на другите и себеси ќе си олесните. Правилен и полесен начин да стигнете до целта е одоколу. Едно од сурферските правила е оставање предност на веќе зафатените бранови. 
Постојат неколку маневри за да не ве однесат брановите:
1. Нурнување со врвот на даската под бранот.
2. Пред бранот се превртувате паралелно со даската така да ве одмине бранот без да ве собори.
3. Најлесно е сами (без даската) да се нурнете под бранот.

Со овие трикови вие ќе останете на самото место без да ве однесе инерцијата наназад.

Стигнавте! Следно е да го препознате вашиот бран! Фокусирајте се на вашата цел!

За почетници сите бранови се исти. Поголеми, подобри. Понапредните сурфери знаат како и каде точно бранот ќе се формира и затвори. Направете неколку калкулации, понекогаш и пола метар лево или десно ќе го одлучи вашето возење. Со потполна свесност и присутност забележете ја целта и брзо веслајте дотаму!
На право место во право време, кога ќе ја осетите инерцијата на бранот да ве повлекува со себе, почекајте уште 50 стотинки, се припремате и се исправате.
За тоа време сигурно ќе ја чуете околината како довикува ”Paddle..paddle..paddle.. Like crazy paddle.. Wait for ittt!…Go go go GO!! Yeahh!!” ☺
Се исправивте? Честитки! Сега најважно е да се одржи низок центар на гравитација и баланс. Во полуседечка позиција ќе ја зголемите вашата стабилност и брзина.
Напредувајте постепено, чекор по чекор до комплетна техника. Не заборавајте постојано да ја набљудувајте околината и бидете спремни за сите изненадувања.

Доколку навлезете во овој спорт пожелно е да се едуцирате со сурф термините кои се употребуваат, и ќе откриете нов свет и истомисленици со кои ќе разменувате искуства.
Го почуствувавте вајбот? Нема назад! Сега повеќе не ви е чудно зошто некои луѓе рано наутро го започнуваат денот на бранови, а потоа продолжуваат со работните активности…
“Once you’re in – your in. There’s no getting out”
“Surfing is life, the rest is details”
“Only a surfer knows the feeling”
“No waves, no glory”
“Life’s a beach”
“Work is for people that don’t surf”
“If it swells, ride it”
“A bad day surfing is better than a good day working”
“The best surfer out in the water is the one having the most fun”
“Surfing is for life”
“Charlie, don’t surf”, but never mind.
“Hang ten, dude!” 
 
Предности и корист од сурфањето
Зарем не се доволно свежиот воздух, поминатото време во вода, сонце, песок, плажа и екипа?
Океанот претставува ревиталистичка енергија. Сурферите токму тоа го чекаат, таа енергија која патува од далечини за конечно да стигне до нив. За оние кои редовно го практикуваат овој спорт нема граници дури ни во нивните 70-сети и повеќе. Токму тие и не наликуваат на своите години!
Освен физичкото здравје, сурфањето влијае и на менталната состојба. Постојана игра која ослобудува од стрес и релаксира. Не е за чудење зошто сурферите се познати по својот опуштен стил на живот. Вашето тело ќе ви биде благодарно!
Запомнете: брзина, спремност, тајминг, и вашиот бран се доволни да ве одведат во неоткриени искуства.

А зарем и не е така со сè во животот?☺

А да, и најважно…

Have fun!!!

Автор

Iva Sliva

Скопје

Македонија