Спортско качувачки фестивал – Демир Капија 2013

Во живописната Демиркаписка клисура на 18, 19 и 20 октомври 2013 година се одржа петтиот по ред спортско качувачки фестивал во организација на Македонската Спортско Качувачка Федерација, клубот “Астибо” од Штип во соработка со општина Демир Капија. Кратко видео „покривање“ направи и нашиот тим, па ѕирнете како беше.

На овој фестивал се натпреваруваа учесници од Македонија, Србија, Грција и Германија. По завршувањето на натпреварите во домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија организаторот ги прогласи најдобрите натпреварувачи и тоа во полесна А-категорија, потешка Б-категорија, поединечно и тимско по двајца и притоа им додели дипломи.

Пред присутните во домот на културата фото презентација одржа Здравко Дејановиќ кој ги сподели своите искуства за искачувањето на Монтеверест и на најтешкиот врв К2 во Пакистан каде што се искачил на височина од 7300 но не успеал да стигне до врвот. Следната година пак ке се обиде да го освои врвот на височина од 8611 метри.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија