Солунска во чест на светскиот ден на велосипедизмот

На 18.07.2015, два дена по светскиот ден на велосипедизмот кој се одбележа на 16ти месецов, група од тројца велосипедисти Александар Димовски,  Никола Димовски и Никола Насковски се реши да го искачи највисокиот врв на планината Јакупица, Солунска Глава 2540 мнв со велосипеди во чест на светскиот ден на велосипедизмот.

Старт, центарот на град Скопје околу 5 часот изутрина. Рута преку Драчево-Долно и Горно Количани, Алдинци потоа мала пауза во планинарскиот дом Караџица 1450 мнв и преку Бегово Поле кон Солунска глава групата стигна успешно на врвот околу 14 часот. Неколку фотографии за спомен,мал одмор и преку истата рута назад за Скопје, должина на етапа околу околу 140 км.