Скирол за во планина – Маунтинборд

Оригинално се вика маунтинбординг и ако прв пат слушате и го гледате спортов, многу веројатно дека не сте единствен. Се развива во 90-тите години и претставува комбинација на сноубординг со тркала или скирол кој се вози на патеки најчесто наменети за маунтинбајк. И да, не е лесно како возење тротинет. 

Маунтинбордингот (често нарекуван и Офроуд Бординг и Ол-тереин Бординг) претставува малку познат спорт кој не е воопшто нов, туку датира од 90-тите години кога за прв пат се појавува во Англија. Еден од неговите пионери е Џејмс Стенли кој прави комбинација од сноуборд со тркала за суво време инспириран при една негова посета на во околината на Матерхорн каде во тој период немало доволно снег за сноубординг.

Технички се работи за скирол со поголеми тркала со гуми и пневматици. Даската има везови преку кој возачот се фиксира за истата, а во долниот дел постои шасија која ги носи тркалата и механизмите за вртење. Со него може да се вози скоро на секаква површина, од трева, асфалт, земја, итн.

Во историјата на неговото создавање е интересно тоа што на различни места низ светот, во САД, Австралија и во Велика Британија, меѓусебно непознати ентузијасти работат на дизајн и изведба на слична направа која ќе овозможи бордање на суви услови. Резултатите низ времето се прилично интересни за на крајот да се добие она што денес е некаков вид на стандард.

Во погорниот 18-минутен документарец, повеќе различни дечки во спортот зборуваат и објаснуваат за неговиот развој.

А Светскиот Шамионат во 2018 година се одржа во Крањска Гора, Словенија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија