Ски скокови – Баланс на вонземско ниво

Кој не сака да гледа Ски скокови? Веројатно не постои човек кој барем еднаш не одгледал докрај некое натпреварување во овој спорт. Освен што очигледно е потребна неверојатна храброст, сте се запрашале ли некогаш како изгледа тренингот на овие луѓе и што се тој опфаќа?

Ски скокачите се спортисти кои се доказ за тоа дека големината не секогаш значи сила и исто така, тие претставуваат совршен пример за тело во функција на спортот кој се практикува. Нивното тело треба да биде лесно и неверојатно силно за да ги издржи налетите на силен ветер.

Како и кај сите останати зимски спортови и скокачкиот тренинг подразбира многу плиометрија, проприоцепција и баланс. Кога сме кај балансот, ова што овие спортисти го прават е просто неверојатно. Погледнете неколку сегменти од нивниот тренинг. Не се обидувајте да го направите ова дома.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија