Салиху: Ако сакате врвни резултати, давајте им значење на овие методи за работа

Анализа на Авдил Салихи, Дипломиран Професор за физичко образование и спорт како и познат тренер по борење.

За подготовка на еден спортист (јуниор – сениор) за високи достигнувања како што се европските, светските и олимписките игри, потребно е да се подготви стручен тим, кој ќе работи со поединец, или спортист избран однапред. Во оваа група треба задолжително да биде склучен тренерот на клубот и репрезентативниот, како и да има поддршка од спортски психолог, кондиционален тренер, спортски лекар, физиотерапевт, нутрицист и финансиски поддржувач.

Некој ќе праша зошто сите овие луѓе, кога може сам товарот да го носи тренерот, како што за жал практикуваат многу наши клубови. Затоа ние ќе ви дадеме образложение…

Тренерот
Спортистот за да се постигне врвни резултати, мора пред себе да има искусен тренер и образован со завршен факултет за физичко образование и спорт. Тренерот некогаш треба да ја игра и улогата на родител, за да полесно влезе и во самиот карактер на неговиот спортист, и со тоа да ги најде слабостите и предностите. Исто така, мора да потенцираме дека тренерот, треба да се почитува да биде комуникативен и голем професионалец на работава што ја врши.

Спортски психолог
Психологот во голема мера влијае на спортистот, особено во моментите кога истиот е во спортски и емоционални кризи. Потоа, психолог влијае и на мотивација како и на дисциплината на самиот спортист, затоа неслучајно големите тимови не можат да замислат развој на спортот без оваа гранка.

Кондиционален тренер
Кондиционален тренер, исто така има големо внимание на спортот, затоа што мора да се признае дека без физичката подготвеност не може да се постигнат врвни резултати во било кој спорт. Вежбите во оваа област знаат често да бидат премногу монотони, па така постојат начини на работа кој преку спортски реквизити и алатки, вежбите нема да се монотони, ќе се посодржајни и ќе имаат поголем ефект во целокупниот тренажен процес. Тренерот треба постојано да направи тестови за да види како неговиот спортист се развива и како одредена програма влијае врз спортистот, се додека се дојде до целта што ја планирал однапред.

Спортски лекар
Спортскиот лекар има големо влијание врз здравствената контрола на секој спортист. Тој секогаш треба да има преглед во врска со можните повреди, лекување и откривање на недостаток на витамини и протеини кај самиот спортист. Преку него, се дават упатства до нутрицист, кој се занимава со детали на исхрана и недостатоци како и правилна исхрана на спортистот.

Спортски нутрицист
За подготовка на еден спортист за значаен настан, секако големо значење мора да и се даде на исхраната. Така, за овој проблем се грижи nutricist, кој ќе работи во зависност од упатствата или резултатите што излегле од спортскиот доктор, со порано направени прегледи на самиот спортист и анализа главно добиени од крв, истиот треба да се снабдуваа со соодветната исхрана богата со протеини, влакна и витамини.
Целта е да се исполнат сите барања на спортистот за да има здраво тело, па дури и да се опорави побрзо за интензивните подготовки што го очекуваат. Треба да напоменеме дека спортистот преку подготвителниот циклус согорува повеќе протеини и витамини, така што истите секогаш треба да се исполнат, ако сакаме врвни резултати.

Финансиска поддршка
Ништо не би било изводливо од тоа што го спомнавме погоре, ако тие немаат финансиска поддршка. Тука имаме институционалната поддршка, која нормално ќе биде најдобро за секој натпреварувач и поддршка од различни бизнисмени. Секој спортист има потреба да настапува на разни натпревари, затоа што само така ќе добиваат искуство, ќе ги запознаваат евентуалните противници за големите натпреварувања како што се европските, светски и олимписките игри. .

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија