Пливање за возрасни, табу или предизвик?

Тргнете го старото табу од вашите глави и конвертирајте го во предизвик кој ќе ве натера да почнете со пливање.

Имам 45 години и не знам да пливам… Имам 32 години, работам 10-12 часа на ден пред компјутер и сакам да се рекреирам.. Има 25 години, скршив рака и морам да правам рехабилитација за да ја вратaм функцијата… Имам 58 години, редовно имам болки во грбот бидејќи стојам на работа и сакам да се релаксирам…

Причини да се почне да се учи пливање на било која возраст има многу!

До пред 3 години ова беше табу. Срамота е да не знаеш да пливаш, сите играат баскет јас одам на пливање, што ќе кажат луѓето на овие години одам на базен?!?

Денес не е табу, денес е предизвик!

Пливачкиот клуб ОРИОН има група со оклу 30тина членови кои три пати неделно учат да пливаат, се рекреираат, се рехабилитираат, се релаксираат, а верувајте и се забавуваат. Има за сите по нешто!