Скијање на глечер за мераклии – интервју со Панчевски Никола

Никола е скијачка џомба, дифовец, сопруг, татко и додека вие го читате интервјуто со него, тој се наоѓа на некој Австриски глечер, остри кантови и дава инструкции… Ќе раскаже за неговите почетоци, за животот на ски инструкторите и ќе ви направи лиги за да цупка ноџето во исчекување на првиот снег, а ако не сте по цупкањето и чекањето на баба зима, придружете му се!

Скијањето во крвта, плуг и христијани, првите спомени на скии.

Моето прво стапнување на скии е на 4-5 годишна возраст на Маврово со моите родители кои рекреативно се бавеа со скијање, за да подоцна продолжам во Ски Клуб ФЦУ. Можам да кажам дека скијањето е една многу позитивно заразна работа и мислам дека секој што почнал да се занимава со скијање тешко се откажал од тоа.

Факултет, клубови и безброј денови на Шапка и Маврово

Студирав на ФФК, деновите поминати на скијање и другарување и растење од 6-7годишна возраст до денес е нешто што се памти и што остава траги за цел живот. Иако се работи за индивидуален спорт, всушност скијањето е само индивидуално од стартот до целта се останато е поврзано со големо дружење, помагање растење во една здрава Ски Фамилија.

Работа во странство и животот на еден ски инструктор, сезони, тезги ,палење огнови за да падне снегот и да држи.

Работата на еден Ски Инструктор е прво работа во една друга средина исполнета со многу снег, многу студ, ветер магла и по малку сонце така да мора да се сака скијањето  за да се работи. Сите инструктори сме на иста фрекфенција и сите го сакаме скијањето и секое слободно време го користиме са скијање за своја душа што се вика, а и за доусовршување бидејќи нема крај.. постојано има што да се учи, мислам дека тоа е пресудно за да се работи таа работа. Се состои многу снег  (хахаха), изложен претежно на ладно време, некогаш е преубаво некогаш е смрзнувачка и така во круг. Секој ден е прича за себе буквално нема ист ден и исто време и услови за скијање. Има многу интересни моменти ситуации падови, смеење!!

Кога нема снег се случува и да има забави и дружење за да го повикаме и да падне снегот, ова се случи еднаш, конкретно во Копаоник.

Најубавиот дел од Ски Инструкторската работа е денот кога се нема часови заради пола метро прша или длабок снег па се собира добра екипа од колеги и се вози секаде нормално каде не е дозволено и низ шума итд. И нормално после се завршува со добра забава, пиво, гитара…

Каде досега си работел како ски инструктор?

Моето почетоци се некаде 2000 година на Маврово во Никифорово со Ски Клуб Работнички и тогаш работев како дел од ски школата и памтам дека со првите заработени пари за скоро еден месец купив фармерки левис и блуза, кои ете така ми остаа во меморија…После тоа продолжив да работам претежно школа скијање со деца и после тоа како помошник во Ски Федерација, Маврово и Шапка се до 2007 BARA (British Alpine Race Academy) како тренер по скијање са деца од 9-16 години во Radstadt Austria се до 2010 година. После тоа работам со истите деца во склоп на Македонска Ски Академија која во моментов е на станд бај, за од 2012 до оваа зима да работам на Копаоник за Ски Школа/Клуб ММ Ски Спорт на Копаоник.

Како е да работиш со деца, има ли доста заинтересирани родители за овој спорт

Работата со деца представува задоволство посебно доколку се работи неколку години по ред со исти деца и ги гледаш и како напредуваат и како растат и се развиваат. За скијње мислам дека повеќе има заинтересирани за рекреативно отколку натпреваручако скијање.

Каде си во моментов и каде ја туркате подготвителната сезона

Во моментов сме на припреми со Ски Клуб Скади од Скопје на глечерот Хинтертукс во Австрија услови се одлични но и децата одлично напредуваат и морам да кажам дека овие деца се иднината на македонското скијање и доколку се оди како што треба мислам дека ќе ги имаат најдобрите резултати здравје боже нели…

Животот на глечер, бачило и ски лифт поврзани точки пто прават волшебна целина

Животот на глечер овде се состои од: вожња у комбе 1400км пакување, распакување легнување на време, станување рано за тренинг и турканици пред гондола хахаха! после ски тренинг, ручек, одмор и пак тренинг за истегнување, кондиција итд.. Се работи за една фамилија која се врти околу скијањето..Се скијаме на 3000м надморска висина, треба неколку дена да се аклиматизираме на таа висина нормално (посебно за деца). Најдобро е да се дојде да се проба мислам дека не постојат зборови да се опише тоа искуство различно е но и интересно и несекојдневно да се скијаш пример во јуни, август (и тоа може фа се погоди да биде топ) додека сите мислат на море, а доле каде што сме сместени е лето и шетаме по гаќи и маица.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија