Кошарка

Наслов

Oсновни принципи во пасинг гејм нападот

Основните принципи на овој напад и нивното познавање и разбирање од страна на играчите кои го изведуваат е неопходно, бидејќи тоа е единствениот начин играчите да можат да ја препознаат моменталната ситуација на теренот и соодветно на тоа да реагираат. Oсновната филозофија на овој напад се темели на играта "додај и утрчај".

А. Растојание помеѓу играчите,
Б. Комуникација,
В. Ротација на позициите,
Г. Читање на одбраната.

А. РАСТОЈАНИЕ ПОМЕЃУ ИГРАЧИТЕ- еден од најважните принципи во овој напад претставува запазувањето на раздалеченоста помеѓу играчите во нападот кое треба да изнесува од 4,5 до 6 метри. Играчите за време на играта во нападот треба да се стремат да го одржуваат ова растојание со што би креирале доволно голем простор за втрчување и изведување на индивидуални акции.

Б. РОТАЦИЈА НА ПОЗИЦИИТЕ- најдобар и воедно и најтежок напад за одбраната претставува оној напад во кој играчите и топката се во перманентно движење. Според тоа играчите на теренот мораат постојано да се движат како би дошле во поволна позиција за прием на топката и позиција за постигнување на поени. Меѓутоа движењата мора да имаат одредена цел.

Играчот кој е најблиску до соиграчот кој втрчал во рекетот мора да го потполни неговото место, особено кога втрчува играчот од врвот на рекетот, тогаш крилниот играч кој е најблиску до него, односно се наоѓа на страната на помош одма треба да ја пополни неговата позиција. Од голема важност при овие движења претставува тајмингот на нивното изведување.

В. КОМУНИКАЦИЈА- комуникацијата претставува клуч за успех во било кој вид на офанзивен атак. За да не дојде до дезорганизираност на нападот, комуникацијата е од круцијално значење, особено во овој вид на напад каде што играчите немаат специјални играчки позиции и одговорности (може да се изведе со повикување на име или со одредени гестови).

Г. ЧИТАЊЕ НА ОДБРАНАТА- еден од најважните принципи врз кој се темели оваа офанзивна филозофија претставува читењето на одбраната. Играчите секогаш треба да бидат во можност да ја препознаат намерата на одбраната и да го предвидат нивното движење, и соодветно на тоа движење да реагираат во нападот (искористете го она што ви го нуди одбраната на најдобар можен начин).

Основно позиционирање со пет играчи на надворешните позиции и ротации на играчите во пасинг гејм нападот:


09 Јули 2013

За авторот