Наслов

Одлично мина петтото издание на „Миоки Опен“

Овој викенд, спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше домаќин на петтото по ред издание на интернационалниот турнир „Миоки Опен 2014“ која мина во супер атмосфера и организација од страна на џудо клубот „Миоки“ од Скопје. 

На 01.11.2014 во С.Ц. Борис Трајковски се одржа петтиот меѓународен џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“. На настанот учествуваа околу 400 натпреварувачи од 10 држави во 3 старосни и 50 тежински категории.

Во категоријата машки пионери најуспешен клуб беше џудо клуб „Анкара“ - Турција додека кај пионерките најуспешен беше „Дробета Турн Северин“ од Романија! Во конкуренција на кадети најуспешен клуб беше „Локомотив“ од Софија, додека кај кадетките „ЦСК“ - Софија

Кај сениорите најмногу одлики доби клуб „Локомотив“ додека кај сениорките домаќинот џудо клуб „Миоки“.

Според бодовите освоени во сите старосни групи најуспешна странска екипа бесе „ЦСК“ - Софија! Најуспесна домашна екипа како и севкупен победник на натпреварот беше екипата на џудо клубот „Миоки“ од Скопје.

04 Ноември 2014

За авторот