Наслов

Не било до Јамајканците, до нивните колена било...

Доминацијата на спринтерските патеки е во голема зависност од симетричноста на колената на спринтерот. Заклучок, Јамајканците имаат многу симетрични колена!

Поново истражување на полето на биомеханика и кинезиологија од страна на антропологот и биолог Роберт Триверс вели дека оние спринетри кои имаат најсиметрични колена ги држат и најдобрите резултати затоа што спринтот е единствената трка каде што нема лево-десно, туку само право. 

Симетријата е многу ефикасна - вели Роберт, доколку гледате спринтер на 100 метри ќе забележите како неговите колена континуирано го оттурнуваат нагоре-надоле додека тој лета кон финиш лентата. 

Во истражувањето беа вклучени 74 професионални спринтери од Јамајка меѓукои и Шели Ан Фрејзер и Неста Картер. Контролната група пак се состоеше од 116 Јамајканци кои немаат врска со спринтање ниту пак трчање, но се во иста возрасна и тежинска група. 

Резултатите покажаа дека 30 од професионалните спринтери чија специјалност е 100 метри имале далеку посиметрични колена од останатите. 

Научниците велат дека симетријата на колената го прави движењето многу полесно и енергетски ефикасно за спринтерот. Сепак, се` уште не може да се докаже причинско-последичната врска на симетричноста на колената и добрите резултати или обратно, на постојаниот тренинг и симетричноста на колената. 

А ако не верувате во коленава еве една статија каде што се разработуваат ГЕНЕТСКИТЕ НЕПРАВДИ ВО СВЕТОТ НА СПОРТОТ

20 Ноември 2014

За авторот