Наслов

Наши претставници на меѓународен семинар за кондициска подготовка во фудбалот

Михајло Шејкероски (Академија Пандев), Метин Далип (ФК Шкендија) и Владимир Вуксановиќ (ФК Работнички) се нашите претставници на меѓународен семинар за кондициска подготовка во фудбалот што се одржа во Загреб од 31 мај до 01 јуни во организациј на Европската асоцијација за кондициска подготовка.

Оваа асоцијација е оформена во февруари 2006 година и нејзината цел е да ја подобри професионалната работа на тренерите за физичката подготовка во спортот. На семинарите се изложуваат искуства и информации од најновите истражувања и методологии во полето на кондициската подготовка, планирање и водење на тренажниот процес, и превенција од повреди. Воедно асоцијацијата овозможува дополнителна едукација и специјализација за овој вид на тренери. За време на престојот нашиот табор беше придружуван од бившиот тренер на ФК Шкендија Адриан Кознику кој живее во Загреб.

01 Јуни 2015

За авторот