Момата трејл – пробно трчање на Селечка Планина

На 21.02.2015 група наши членови направи пробно трчање по Селечка Планина – делот на патеката на која се предвидува да се одржи трката Momata Rock Trail на 14 јуни оваа година.

Стартот беше од манастиот над селото Селце, Св. Димитрија. По пријатни тесни патеки се упативме прво во правец на Прилеп за да потоа поминеме од другата страна на ридот и наскоро стигнавме до таа позната „Мома”, голема карпа која оддалеку навистина подсетува на женска глава.

Убава и предизвикувачка патека следи во горниот дел – ние имавме и снег и мраз по патеката и беше навистина интересно. А времето сончево и мирно, без ветар, така да уживавме горе на Селечка планина.

Едната екипа истрча 28 km, додека втората 24 km со 1550 / 1350 m висинска разлика.

Автор

TREX

Скопје

Македонија