Миоки го одбележа Меѓународниот ден на џудото

Во организација на Џудо клубот Миоки од Скопје во саботата (31.10.2015) во СЦ Борис Трајковски беше одбележан Меѓународниот ден на џудото со традиционалниот џудо турнир „Миоки Опен” кој се одржува по шести пат. 

На натпреварот учество зедоа 37 клубови со 402 натпреварувачи од 12 држави: Бугарија, Грција, Турција, Русија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Македонија. На свеченото отварање гостин беше и го прогласи натпреварот за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески.

Најуспешен клуб кај најмладите џудисти беше ЏК Пролетер од Прилеп. Кај кадетите најуспешен клуб беше ЏК Баликешир од Турција додека пак кај кадетките најуспешен клуб беше Анкара од Турција. Кај сениорите за најуспешен клуб беше прогласен ЏК Локомотив од Софија додека пак кај сениорките домаќинот ЏК Миоки.

Пехар за најуспешна странска екипа доби екипата на Баликешир од Турција додека најуспешна домашна екипа ЏК Миоки.

По собраните бодови најголемиот пехар и приматот севкупен победник на натпреварот го доби екипата на домаќинот на натпреварот ЏК Миоки со освоени вкупно 7 златни, 9 сребрени и 13 бронзени медали.

Најуспешен странски натпреварувач беше третопласираната од светското првенство за кадети Ирем Коркмаз од Турција со освоено злато кај кадетките и сениорките -57кг. Од домашните натпреварувачи со импресивни настапи најуспешни беа Берна Шерифовска со освоено злато кај кадетките -57кг и сребро кај сениорките како и Хамза Јашари со освоено злато кај пионерите -60кг, сребро кај кадетите и бронза кај сениорите.

Берна Шерифовска доби награда за најуспешен џудист за 2015 година.

И овој пат натпреварот беше оквалификуван како еден од најквалитетните и најмасовните турнири на Балканот.

Повеќе за МИОКИ ТУКА