Македонските хокеари на меѓународен турнир во Германија

Македонската машка репрезентација во хокеј на мраз ќе биде учесник на второто издание на Развојниот куп во Фисен Германија.

Најдобрите Македонски хокеари, од 19 до 21 Ноември оваа година, ќе бидат учесници на Развојниот куп во Германскиот град Фисен. Турнирот кој е под покровителство на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) годинава ќе се оддржи по втор пат и е со цел развивање на овој спорт во земји кои имаат сопствена хокеј федерација но кои не ги исполнуваат критериумите за учество во натпревари од Светскиот куп. Одлуката за одржување на ваков турнир е донесена во 2016 година на конгресот на IIHF во Москва а по предлог на Федерацијата за спортови на мраз на Андора.

Покрај Македонија на турнирот годинава свои претставници ќе имаат и селекциите на Андора, Португалија и Ирска, кои меѓусебно ќе ги одмерат силите во вкупно три натпреварувачки денови. Македонската репрезентација натпреварите за пласман во групата ќе ги одигра по следниов распоред.

-19.11.2018 Македонија-Ирска
-19.11.2018 Андора-Македонија
-20.11.2018 Македонија-Португалија

По ова следи разигрување за пласман и борба за медали. Финалето, односно натпреварот за златниот медал е закажано за 21 Ноември кога е и затворањето на овој турнир,

За Македонија на Развојниот куп (Development cup) ќе настапат: Владимир Илиевски, Рок Шарлохар, Рок Симшич, Лука Урбас, Нејц Турк, Андреј Василев, Давор Атанасов, Стефан Децковски, Самуел Наумовски, Дмитрији Прокудин, Кристијан Ташевски, Петар Трпески и Бојан Василковски. Тренер на репрезентацијата на Македонија е Ѓорги Грчев.

Нашата репрезентација беше дел и од воведниот Развоен куп кој минатата година се одржа во Андора а на кој најуспешна беше селекцијата на Мароко. Покрај Развојниот куп слично наптреварување се одржува и на Азискиот контитент. Се работи за Челинџ купот на Азија (IIHF Challenge cup of Asia).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија