Наслов

Мајсторски и Мурсели со нова насока - Маткино Срце А3, VI

Овој викенд на отмаровата карпа на Матка, алпинистите Надир Мурсели и Зоран Мајсторски ја комлетираа и финишираа веќе поставената алпинистичка насока „Маткино Срце”. 

Маткино Срце А3, VI

Први Качувачи : Надир Мурсели и Зоран Мајсторски. 17.05.2018 год, 26.05.2018 година - второ јаже

Должина: 2 должини 1- ва 40 метри, 2 – ра 45 метри
Тежина : 1 - ва должина V+ и А3 и А2 , 2 – ра должина VI и А2
Местоположба : Во централниот дел на отмаровата карпа од првото сидриште на насоката Отмар (сидриштето кај дрвото ) во лево и директно нагоре низ превисите.

Опис: Насоката е стара започната насока од членови на спелеолишки клуб Пеони каде што имаат поставено 4 борки клинови и 3 алпинистички клина со што насоката е дојдена до почетокот на превисот и повеке немаме информации но не е продолжено, ние започнавме на почетокот до таванчето кое веднаш отидовме во десно по логичната линија на превисот кој е диагонален и компактен, го минавме технички. Тежината на овој дел е А3 детали но повекето се А2 каде што има оставено доволно клинови во цела должина околу 13 наши клина. Сидриште паралено на терасата на отмаровата насока (наскоро ке поставиме експанзиони клинови )

Второто јаже започнува директно нагоре по плоча на која има изразена структура на факалишта да се дојде до белата дупка каде што е технички детал над дупката се оди во благо лево се излегува на тераса каде може да се одмори, покасно се влегува во превисест жлеб кој фрла во десно и се излегува до пречката на насоката Ветерански се користат два клина од оваа насока за покасно Маткино срце продолжува директно нагоре покрај самиот раб и има изразена пукнатина но двата клина се во десно под превисот и директно нагоре се излегува низ плочата и покасно по гребенот на насоката Отмар се оди до сидриштето.

Тежината е V+, VI и детали од А1 и А2 има оставено околу 11 клинови и два се користат од насоката Ветерански.

Забелешка: во насоката се уште има лабави блокови да се внимава, и насоката не прима чокови и френдови има доволен број на клинови, пожелно е да се понесе некој клин.

29 Мај 2018

За авторот