Летање до зајдисонце – Чука

Летот беше изведен од Чука (2000мнм), врв на Баба планина. Тоа е најомиленото место за летање на членовите од параглајдинг клубот „Летачки Конзули” од Битола, кога дува западен ветар. 

Има прекрасен поглед кон преспанско езеро. Летот беше посебен бидејќи се едреше на јак ветар и тешко се пробиваше, меѓутоа затоа добивме зајдисонце, а слетувањето речиси беше во мрак.