Кога ќе споите сурфање и фудбал

Кога ќе видите некој толку едноставен а толку практичен изум, секогаш си велите на себеси “зошто не ми кликна мене”. Но додека чекате на кликнувањето погледнете го ова одлично помагало за практичен начин како да стекнете подобра техника во фудбалската игра.

Методите за обука во фудбалот претставуваат начини и постапки со кој можете рационално и на брз начин да стекнете и задржите одреден технички елемент од играта.

За да автоматизирате одредено движење треба да го изведувате и повторувате во долг временски период.

За движењата кој не се толку комплицирани треба да се направат од 3.000-5.000 повторувања да би се стигнало до автоматизација на тоа движење. За оние кој се комплицирани бројката скокнува на 10.000 повторувања.

SoccerWave е одлична направа во форма на бран погодна за индивидуални и групни тренинзи. Тежи само 10 кг што ја прави лесна за поместување и има висина од 90 см. Делува како бумеранг и ја враќа во висина претходно по земја насочената топката. Со неа полесно ќе умеете да ја совладате техниката на сопирање, прием, или удар на висока топката со гради, колено, стапало итн.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија