Кога хокеарите дриблаат

Во принцип, хокејот како игра има една голема маана. Тоа што пакот е толку мал па кога гледаш натпревар на ТВ, потребни ти се милион повторени и забавени снимки за да ги видиш овие чуда на природата. Тука ги имаме на тренинг по дриблинзи, рефлекси, брзина и други зезанции одблизу…

Ова што го гледате погоре е само мал тизер за серијата составена од единаесет епизоди која започнува од 3 февруари а е во партнесртво на ГоПро и НХЛ професионалната хокеарска лига во Северна Америка. 

Таканаречената NHL After Dark ќе биде составена од разни тренинг сесии на големите НХЛ ѕвезди и истата ќе се емитува на Јутуб каналите на НХЛ и Гопро.

Повеќе за соработката меѓу најголемата хокеарска лига и ГоПро читајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија