Кога борбата со бикови станува спорт, а не убивање

Како една многу блиска но суштински различна филозофија на борбата со бикови во Шпанија, се има одвоено гранката на рекортадорство, каде главните тореадори не се претвораат во смртоносните матадори туку едноставно се обидуваат на што покреативен, гимнастичарски, паркоурски или каков сакате наречете го – начин – да ги прескокнат и избегнат прекрасните моќни животни. 

Одредени археолошки податоци наведуваат дека ритуалот на скокање бикови постоел уште од Бронзената ера во подрачјето на Крит, Грција, а во подоцнежниот период во тој се развива како гранка на тореадорството во државите кои биле под шпанското влијание.

Денеска во Шпанија на големо постојат натпреварите во таканреченото „рекортадорство” каде главната разлика е тоа што луѓето се ставаат пред биковите без никакви орудија, заштити и помош од други учесници во коридата, како и главната разлика каде истите не го повредуваат животното, туку само го прескокнуваат и избегнуваат користејќи различни методи за кои добиваат поени.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија