Тренингот за нозе на еден олимписки лизгач

Во пресрет на зимските Игри во Сочи и целата палета на спортови што ќе биде понудена за следење, обрнуваме внимание на еден специфичен тренинг за едни специфични спортисти. Аеродинамика, концентрација, мраз, лизгалки и нозе, саглам нозе!

Надвор од лизгалиштето, тренинзите на брзинските лизгачи на кратки патеки се насочени кон градењето на сила и снага, особено на нозете како би постигнале добри резултати на мразот. 

Тренинзите вклучуваат многу работа со тегови, чучњеви, подигања и баланс сè со цел да се изгради поголема моќ, екплозивност и ефикасност. Во голем дел од тренинзите е вклучена и плиометријата, односно експлозивни скокови на кутија која дава одлични резултати. 

Интересно е тоа што лизгањето се одвива само во еден правец, на лево, па така левата нога е таа што трпи поголем стрес. Но, вежбите што се применуваат никогаш не ја фаворизираат левата нога бидејќи целиот комплекс, а особено карлицата е важна за целокупниот баланс на мразот при тие брзини. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија