Како да го преживееш Триатлонскиот старт

Триатлонот е спорт кој во вистинска смисла на зборот ја става на тест човековата издржливост. Овој олимписки спорт составен од три дисциплини (пливање, велосипедизам, трчање) е еден од најбрзорастечките спортови во светот и спорт кој и во иднина дефинитивно ќе расте. Може да биде оддржуван во различни должински формати, а заедничко за сите нив е хаотичниот групен старт.

Стартот во триатлонот може да биде нервозен, заморувачки, фрустрирачки па дури и да ве обесхрабри. За секој учесник ова е метеж составен од прскање, тргнувања, застанувања и физички контакти. Иако не е пресуден, сепак, овој дел од трката може да биде многу важен. Еве неколку совети кои ќе би помогнат како да го “преживеете” првичниот шок.

Очекувајте го најлошото – тргнете на трката со мисла дека стартот нема да биде лесен. Знајте дека 99% од контактите со останатите натпреварувачи се случајни и ненамерни и тие не смеат да ве дефокусираат. Бидете трпеливи, стартниот метеж ќе трае само додека секој не го започне својот ритам на пливање.

Бидете подготвени – проучете ја патеката на која учествувате. Не постои полошо можно сценарио од тоа да влезете на трката без да знаете на која страна се свртувањата на патеката.



Без паника – внимавајте да дишењето и останете релаксирани. Не дозволувајте да ве зафати првичното стартно “лудило”. Сетете се целата гужва е само борба за слободен простор кој многу брзо ќе се создаде.

Нападни однадвор – најголем дел од учесниците ќе се обидат да бидат од внатрешната страна на свртувањето како што тоа наближува. Немојте да ја следите оваа група. Останете од надворешната страна и полека изборете се за место во трката. Ова можеби нема да ви донесе перфектна позиција но со сигурност ќе ве заштити од повторни турканици и застанувања.

Пливај до крај – секогаш испливајте до крај, односно додека нивото на водата достигне до вашите колена. Ова ќе ви ќе ви заштеди на време кое би го изгубиле трудејќи се да излезете од длабоката вода.



Тренирај техники – пливањето во отворена вода е потполно поинакво искуство за разлика од базенот. Трудете се што почесто да имате ваков тренинг во периодот на подготовки. Тоа ќе ви помогне да ја усовршите техниката на дишење или завеслаи кои се специфични за триатлонот. Пример, ако триатлонот се одржува во разбранувано море или океан, од суштинска важност е да се прилагодите на условите. Вашите завеслаи треба да бидат пократки а дишењето прилагодено на моменталната ситуација.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија