Наслов

Интервју со Горазд Србљак

Турнир по турнир, бекхенд па форхенд Горазд ја гради својата успешна животна патека исполнета со многу патување, тренинг, дружба и секако најважното, тенисот. За да си успешен пред се треба да си истраен во тоа што го правиш и сакаш, Горазд Србљак е таков пример на млад спортист кој преку тенисот со макотрпна работа сака да го оствари својот сон. Неколку прашања и исто толку одговори на тацна.. за подобро да го запознаете.

  

Твоите почетоци, и дали се сеќаваш на првиот тренинг и како сета таа приказна почна.

Со тенис започнав на седум годишна возраст во тенискиот клуб "АБЦ". На првиот тренинг се сеќавам добро бидејќи бев возбуден и беше нешто посебно за мене. Уште од првиот контакт со рекетот и топчето го засакав тенисот и знаев дека со сигурност ќе продолжам да тренирам и да се бавам со "белиот" спорт.


Што те привлече кон тенисот за да останеш и да му се посветиш?

Како поминуваше времето и турнирите се подлабоко навлегував во тенисот и тој стана дел од мене. Надмудрувањето со противникот, борбата и победничкото чувство за мене е непроценливо. Еноставно стануваш желен за што повеќе успеси и победи и тоа те води напред

Каде досега си тренирал и со кои тренери досега си работел?

Првиот мој клуб беше "АБЦ" таму започнав со тренерот Дејан Крстевски. Во меѓувреме тренирав со неколку врвни тренери и ѕвезди на македонскиот тенис како што се Зоран Шевченко, Влдимир Крстиќ и Предраг Русевски, од кои се трудев да го извлечам максимумот. Моментално сум член на тенискиот клуб "JУГ". Во моментот соработувам со Златко Диманоски кој внесе сигурност и креативност во мојата игра. За физичката спремност одговорен е Владимир Вуксановиќ со кого имаме долга соработка.

  

Како котираш во моментов и какви се твоите цели и планови?

Можам да кажам дека ова е една од моите подобри сезони. На почетокот на годината почнав со играње на турнири од светскиот календар до 18 години. Моментално сум на 430 позиција во светот, по одиграни две полуфиналиња, едно финале и еден освоен турнир. Во иднина ќе се обидам да продолжам со одличната игра и прва цел во моментот ми е пласман на еден од четирите јуниорски Гранд Слемови, што искрајно се надевам дека ќе ја остварам.

Каде досега имаш настапувано и како си задоволен од резултатите?

Досега имам настапувано во многу држави и на многу различни турнири на кој сум постигнувал одлични резултати. Минатата година до 16 година завршив на 33 позиција на европската ранг листа. Настапив и на неофицијалното светско првенство во тенис кое се одигра во Мајами, САД. Таму успеав да влезам во 8-те најдобро што секако за мене е голем мотив. Во Македонија на повеќе пати сум бил државен првак во различни категории.

 

Опиши ни накратко како е исполнет твојот ден?

Мојата програма се состои од два тренинга на ден понекогаш и три, со еден ден одмор во неделата. Утринскиот тренинг го изработувам од 8 до 9.30, потоа заминувам на школо и попладневниот од 3 до 5. Мојата програма со многуте турнири и тренинзи секако немаше да биде лесно остварлива ако не ми излезеше во пресрет и приватната гимназија "Алгоритам" во која сум редовен ученик.


Што правиш дополнително за да се усовршиш во твојата игра?

Според мене тениската игра покрај тренинзите, многу може да се усоврши и со константното одење на турнири, искуството и играњето со различни противници што тие турнири во странство го нудат.


Колку внимаваш на исхраната и посебните режими

Кога сум дома и во припремниот период иако имам програма на исхарана поголем проблем ми е остварување на истата покрај набиениот програм на секојдневните активности. Додека на турнирите внимавам на тоа, бидејќи тоа е битен сенгмент од играта.

  

Како би ги мотивирал своите врсници и помладите генерации да играат тенис.

Тенисот е спорт во кој секој дел од телото е вклучен а најбитен е мозок и физчката спремност. "Белиот" спорт го отвара видикот кон светот и овозможува многу патувања и нови и егзотични дестинации, запознавање и дружба со луѓе и голем избор на можности во иднина

13 Јули 2014

За авторот