Фудбалска тркалезна есенција

Со еволуција на фудбалската игра, тактика, методите на тренинг и правилата, рамо до рамо еволуира и топката, средство без кое фудбалот би бил бесмислен, основниот катализатор на сите случувања на теренот или со еден збор неговата душата.

Можете да играте фудбал, без фудбалски дрес , без фудбалски обувки, но со сигурност нема да можете без фудбалската топка.

Историски гледано фудбалската топка има неколку етапи на нејзиниот развој, правена од внатрешни органи на домашни животни, преку каучукот на Charles Goodyear па се до топките со ФИФА стандарди кој денес се разликуваат по својот дизајн, квалитет и материјал од кој се направени.

Во процесот на тренинг особено кај фудбалските школи е важно топките да одговараат по стандардите за возрасните категории, така децата многу полесно ќе совладаат одреден технички елемент и многу повеќе ќе уживаат во својата игра.

Постојат неколку официјални големини.

Размер 3
• Овие топки се користат за деца под 8 годишна возраст и во обем се
58-60 сантиметри а во тежина варираат од 310-340 грама.
Размер 4
• Топките со размер 4 се за возраст од 8-12 години, со обем од 63-66 сантиметри и тежина од 350-390 грама
Размер 5
• Тоа е интернационален стандард за сите возрасти над 12 години како за младинскиот така и за професионалниот фудбал, таа е со тежина од 420 – 450 грама и со обем од 68,5-69,5 сантиметар, со внатрешен притисок од 0.8-1.0 бар.

Исфрлена од 2 метри висина врз челична плоча треба да отскокне од подлогата 135 -155 сантиметри а при услови на дожд и мокар терен не смее да впие вода над 10% од нејзината тежина.

• Најчесто употребуваните материјали за изработка на фудбалските топки се синтетичките материјали : PVC (poly vinyl carbonate) и PU (polyurethane) или нивен микс.

PVC е многу поевтин во однос на PU па затоа се употребува во топките кој немаат висок квалитет и најчесто се наменети за тренинг.

Топките направени од PU даваат помеко и поживо чувство на топката во игра додека топките од PVC се поиздржливи и не ја менуваат формата толку брзо.

За дополнителна заштита топките се покриваат со сјајни лакови за процентот на апсорбирана вода да остане низок.

Дизајн
Најчесто топките се прават од 32 независни парчиња(20 шестоаголни и 12 петоаголни) или со помалку панели или парчиња кој се спојуваат меѓусебно за да оформат сферен облик. Спојувањето може да биде со лепење, зашивање или со термално спојување како што е кај најновите модели.

ФИФА поставува два вида стандарди за топките, ФИФА проверени и ФИФА одобрени топки.

 

Разликата е минимална но доволна за да го задржи квалитетот и предизвикот што овие топки треба да го издржат за време на големите натпреварувања. Освен за фудбалските топки, ФИФА ги определува стандардите за топките во Футсал и Фудбал на плажа.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија