Наслов

Физиотерапија после артроскопија на колено

Артроскопија („arthroscopy – no problem surgery") е ортопедска ,хируршка техника со која можат да се извршат повеќе зафати во зглобниот простор за донесување на дијагноза а воедно и соодветен третман на евентуална повреда.

Артроскопијата се изведува преку минимални резови –отвори преку кој се вметнува артроскопот и специјално дизајнирани инструменти со кој може да се обсервира и третира внатрешниот дел на коленото со помош на камерата прицврстена на истиот. Најголема примена оваа метода има при повредите на колено имајки предвид дека е најголем зглоб во човечкото тело.Овој мини инвазивен хируршки третман значително ги намалува оштетувањата и траумите на околните ткива за разлика од класичниот оперативен третман.

Артроскопијата се применува со цел да се диагностицира а воедно и третираат следните проблеми : 

  • Руптура на менискуси
  • Руптура на предни и странични лигаменти.
  • Отцепени р'скавични и коскени фрагменти
  • Оштетена зглобна р'скавица
  • Воспаление на синовијалната мембрана
  • Нестабилност на пателата(чашка)

После операцијата е особено важно да се започне веднаш со физиотерапија за да може што побрзо да се вратите на своите секојдневни и спортски активности.

Физиотерапијата може да ви погне со:

  • Намалување на болката и отокот
  • Враќање на мобилноста на зглобот
  • Враќање на мускулната снага
  • Развој на проприорецепција и стабилноста во зглобот

Комплетно опоравување од овој третман и враќање на дневните активности се очекува за десетина дена додека за спортски активност после неколку седмици. Болката во постоперативниот период скоро и да нема или е минимална заради тоа што нема ни оперативни резови ,после зафатот остануваат едвај видливи лузни .Затоа е многу лесно веднаш и да се започне со физиотерапија после операција, соодветните вежби во овој период со оптоварување и вежби за враќање на мускулната снага и комплетниот обем на движење лесно можат да бидат прифатени од оперираните пациенти.

  • Изокинетички тренинг после артроскопија

Преку соодветна и контролирана физиотерапија со посебно конструран изокинетички тренинг за зглобот на кој е изведена артроскопијата ,истиот брзо може да се врати во првобитната функција .

Во периодот од 4-7 постоперативен ден се спроведува следното

 (CPM) криооблоги

Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија

  • Криотерапија и компресивен завој
  • Електротерапија на квадрицепс
  • Изометрички вежби
  • Вежби за стабилизација и истегнување

Од 7-10 постоперативен ден :

Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија

Вежби со отпор и зголемување на мобилноста

 од 10-17 постоперативен ден :

  • Постигнување на максимална флексија и обем на движење
  • Вежби со зголемен отпор
  • Вежби за координација и јакнење
  • Вежби за издржливост
  • Тренинг за проприоцепција и рамнотежа

 

15 Јуни 2016

За авторот