Наслов

(Ексклузивно) Интервју со спортското семејството Садвакаш од Казакстан

Пред неколку месеци на интернет се појави видео од Казакстан со девојче по име Евника и нејзиниот Татко Рустам како тренираат бокс.  Евника со својата брзина на удари нè остави подзинати.. Пребаравме и ги исконтактиравме, Рустам се согласи на интервју, прво за македонски медиум. Неговото семејство е модел за многумина. Рустам мејлот со одговорите го наслови со - Македония урааааа...

Раскажете ни нешто повеќе за вашето семејство, сигурно ќе биде долг одговорот со оглед на тоа што имате 7 деца. Каде ја запознавте сопругата и како вашата љубов помогна да создадете уникатно спортско семејство?

Јас се викам Рустам а мојата сопруга Анија. Спортот е длабоко вкоренет во нашето семејство. Со мојата сопруга се запознавме на еден спортски настан, јас дојдов со боксерски тим а таа со гимнастички. Анија многупати настапуваше за нашата држава на меѓународни натпревари. Таа е мастер-спорт по акробатика, кандидат мастер-спорт по спортска гимнастика а воедно и шамнпионка на Казакстан. Јас не би можел да се рамнам со неа. Во принцип, тоа е искусен професионален спортист кој знае за повреда, болка и замор, таа има голема моќ да ја всади љубовта кон спортот кај децата.

Ние имаме 5 ќерки и сите се спортистки, Најмладата се вика  Хатшепсут и има 4 години, потоа Аделаида 6 години, Евника 9 години, Селјавира 11 години и најстарата Анжа 16 години. Со Анија имаме и два сина Руш 14 години и најмалиот од сите 1,5 годишниот АјнизМакаси.

Со сопругата одлучивме децата да бидат воспитани и одгледани во спортски дух од најмалата возраст (специјални вежби, масажи). Кога растеа беа под влијание на целото семејство во однос на тренажниот процес на сите негови членови. Додека тренираме помалите не го разбираат целиот спектар на брзите движења во вежбите и моќта на координацијата но се трудат. За моите деца боксот е едноставно игра во која може да се потроши енергија, да се научи нешто од постариот брат или сестра и да се спознаат способностите на совето тело. 

Во нашата домашна кино архива има видео каде јас изведувам цел тренинг со пострите деца, а на младите не обрнувам никакво внимание. Целото семејство се наоѓа во салата, малечките на почеток се занимаваат со свои работи, но како поминува времето полека обрнуваат внимание на тоа што го работам и даваат некаков интерес. И одеднаш тие самите почнуваат да ги повторуваат и емитираат моите движења, или ги повторуваат движењата на постарите. 

Направив прилагодување не само на пристапот за вклучување на децата со спорт, но исто така и во самиот процес на обука. Јас ги учам на друг тип на бокс. Ние не целиме кон задолжително натпртеварување туку кон акцентот на умешноста во движењата на одбраната и заштита. 

За време на тренингот децата искусуваат чуство како да танцуваат, тоа им овозможува да откријат друга димензија, да ја симнат напнатоста и да се движат со задоволство.

Спарингот често може да наштети на развојот на потребните технички вештини и според тоа, ги исклучивме целост. Поради тоа нашиот пристап е различен од класичниот пристап во боксот, моите деца не работат во парови. Таквиот пристап дозволува спортистот да се развие со повеќе самоувереност и смелост, со тоа што одлично ќе ги завладее техниките на напад и одбрана со молњевитост и силина во ударот. Нашето семејство секојдневно ја докажува ефикасноста на оваа пракитка. Од неодамна 16 годишна ќерка Анжа настапи на светскиот шампионат во Кунг-фу. Дотогаш Анжа никогаш не се натпреварувала ниту во Бокс ниту во Кунг-фу, дури немала ни тренинг борби и спаринг но тоа не и попречи да се закити со бронза на едно такво натпрварување во конкуренција на повозрасни и поискусни.

Јас сум уверен дека многу деца ќе почнат да тренираат како Анжа, Евника и Селјавира заради развојот, а не заради жетокост во борбата. Модерниот бокс во моментов е еден вид на затворен клуб, каде поради здравствени причини или карактеристики на развојот не секој може да се придружи, а тоа е погрешно. Секој треба да ја има возможноста правилно да научи да се движи како професионален  боксер, тоа е развој на телото и движењата кои ќе те направат да се чувствуваш подобро. А дали ќе влезе во ринг, тоа е прашање што секој сам треба да го одговори. Тоа од перспектива на хармоничен развој не е толку важно.

Опишете ни како се одвива еден ваш ден во вашето семејство, тренинзи, исхрана итн. 

Ние сите сакаме бокс, и го сметаме за одличен спорт со кој што треба да се обучи секое дете од најмала возраст.  Тренингот е со главна улога во нашето секојдневие. Работиме на физичкиот развој од самиот почеток (масажи и вежби) кои во иднина ќе им овозможи полесно да се вклучат во тренажниот процес.

Секое утро нашето семејство има специјален комплекс на вежби со направата "ЕВНИК" која ја дизајнирав за развој на брзината. Таквиот тренинг го правиме 12-15 минути и пет пати во неделата имаме основен тренинг од 90 минути. Малечките го набљудуваат тренингот и брзо влегуваат во фазон. 

Но не е дека малечките мислат само на тренинг, сите тие имаат свое хоби, сите сакаат престој во природа. Како што може да видите и во видеата ние живееме во преградје блиску до работ на една шума. Децата исто така сакаат да се на воздух и често прават куќи од гранки. Селјавира нонстоп нешто чита. Од неодамна таа се заинтересира за енциклопедија за сончевиот систем и сега тренира во соба полна со карти од космосот. Постарата ќерка Анжа е роден дизајнер. Таа го освои првото место на серускиот натпревар за ликовна уметност каде жирито ги препозна нејзините квалитети.

Децата со задоволство ни помагаат во домашните работи но и во семејниот бизнис — компанијата Saadvakass Family. Јас и сопругата ги охрабруваме сите иницијативи но не ставаме пред себе амбиции дека треба да воспитуваме боксерски и холивудски ѕвезди. Се обидуваме да создадеме услови за своите деца каде тие самите ќе си го изберат патот. Секогаш се стремиме да не ги обременуваме со премногу општи знаења кои нема да можат да ги искористат во текот на животот. Се обидуваме да им поставиме реални задачи, што ќе ги решат веднаш и кои ги решаваат проблемите во одредена ситуацијата. Ние ги соочуваме со животни ситуации и така дознаваме што повеќе им лежи на душа. На пример, тие учествуваат во разработката на патентите од семејната компанија, пишуваат инструкции за помагалото "ЕВНИК" и ја тестираат неговата ефикасност. Освен тоа тестираме и нови продукти кои ќе се појават на пазарот во 2016 година.

Вие не сте познати само во Казакстан и на територијата на бившиот Советски Сојуз туку и низ целиот свет со Вашата методологија и иновации. Како се случи да создатете иновативен уред за тренинг кој ја подобрува силата и брзината на ударот. 

Направата "ЕВНИК"  ја доби својата популарност заради своите ефекти во тренажниот процес. Јас не се сметам себеси за вундеркинд но сум уверен дека секое дете може да постигне значително подобри резултати со помош на овој уред.  Од неодавма поставивме видео на Фејсбук со сестрите Евника и Аделаида кое само за една недела имаше 400 илјади прегледи. Сите специјалисти се согласни дека помалата Аделеида работи многу подобро од од постарата Евника кога таа беше на истата возраст. Секако дека како татко се гордеам што моите деца меѓусебно се следат во чекор и покажуваат прекрасни резултати. 

Во исто време како тренер многупати сум се убедил во ефикасноста на ова помагало. Во почетокот на својата тренерска кариера си зададов цел да направам метод за подобрување на само една компонента на физичкиот развој - брзина. Јас бев длабоко убеден дека ако ја развиеме брзината секоја друга компонента (сила, издржливост, моќност) кај спортистите ќе добие уште подобри квалитети без да ја изгубиме притоа брзината. Како што знаете во спортот во тренажниот процес овие компоненти се развиваат оделно. И секогаш развитокот на едното се коси со другото. Оваа глобална спортска проблематика ја истражував за да создадам нови методи. Но со време се покажа дека освен методот треба да се работи и на полето на создавање некаква направа. Тогаш го создадовме прототипот на "ЕВНИК" .

Јас го дадов на моите деца и тие тренираа со експерименталниот модел. За две недели приметив интересни измени и подобрувања.  Не знаевме на стартот зошто се случува тоа но увидовме дека има позитивни промени. И што е најглавно децата ја засакаа работата со направата. "ЕВНИК" се разликува од другите тренинг помагала поради својот ефект кој отпрвин не се чувствува. На пример ако работите со тегови, или ластик отпорот е моментален и вашите мускули веднаш знаат што ги чека.  Ние им даваме сигнал а тие се контрахираат и работат. Со "ЕВНИК" работите стојат по друг начин. Тој е лесен и не се чуствува некаков отпор врз нервно мускулната спрега.

Но откако ќе почнете да правите специфични движења држејќи го "ЕВНИК"  тој веднаш почнува да го таложи свјот ефект.  Со тоа, постои ненадејно оптоварување, вклучување на одредени рефлекси и механизми за прилагодување. При удар со "ЕВНИК" додека вашите мускули реагираат на направено движење, "ЕВНИК" генерира спротивен ефект, односно антагонистите ги насочува како агонисти. Рефлексите играат главна улога, нашиот мозок нема време кога да испрати сигнал. 

Вашата ќерка Евника е голем талент. кажете ни неколку збора за неа!

Јас сум горд родител и се плашам дека нема да бидам објективен кога ќе ви го опишувам нејзиниот талент. Но искрено мислам дека Евника го направи неверојатното.  Мојата ќерка ги мотивира луѓето а тоа за денешно време е важно.  На нас луѓето често ние се потребни силни примери и херои кои ќе ни помогнат да го измениме нашиот живот кон подобро.

Семејството ни беше изненадено кога ни пристигнуваа писма од ентузијасти кои опишуваат како примерот на Евника ги предизвикало да го сменат мислењето за спортот, личното здравје, детското воспитување и животот во целина.  Многу луѓе ни соопштуваат што сме ги охрабриле да создадат семејство. Истотака многумина откако го виделе нашиот пример престанале да го гледаат присуството на 2-3 деца во семејството како проблем. Евника покажа на светот едно ново лице на женската природа, дух и волја да се искажат своите таленти и енергија. Како што беше истакнато од страна на познатата спортистка и најнаградувана жена во мешани боречки вештини Ронда Роуз, дека е неограничен потенцијалот на Евника која е во можност да го револуционизира спортот.

Евника е популарна и позната не само кај личности како Мајк Тајсон и Рој Џонс помладиот но и кај многу луѓе од шоубизнисот. Во Холивуд сите ја познаваат. Едно видео со Евника поставено на фб станицата на хип-хоп пејачот  Plies има 29 милиони прегледи и повеќе од 28 илјади коментари. Во јануари 2016 ќе бидеме дел од ново шоу LITTLE BIG SHOTS на каналот NBC и SBC за вундеркинд деца. Продуцентите на ова шоу Стив и Елен, беа изненадени и го коментираа талентот на Евника со епитети. Буквално пред недела дена Евника беше дел од снимањето на филм со име ПОЛИНА кој е приказна за млади боксери 

Филмот е во режија на француско-белгискиот режисер Олиас Барко. А Евника настапува со познати имиња како Сол Рубинек и во една сцена победува над Василиј Вирастјук (одликуван со титула - Најсилен човек на светот) Барко кажа дека ќерка ми е природен талент. Луѓето почнаа да ја сметаат за малечка ѕвезда способна да им дари добрина и надеж.

Во иднина плановите се да направиме ново шоу посветено само на нашето семејство и нашите методи на воспитание. Со продукцијата ќе се занима американска компанија. Популарноста навистина е предизвик за целото семејство, од многу патувања ни се наруши графикот на тренинзи. За боксот имаме помалку време, но Евника е упорна  секоја слободна минута тренира, на улица, хотелска соба итн. 


Раскажете ни подробно за направата, и како таа се користи како и за методите на тренирање. 

Направата ЕВНИК ја користи еластичноста на тетивите и мускулите, така што ќе допринесе за големување на брзината и моќта на движење на рацете, плеќите, грбот па дури и нозете

Вие сигурно сте запознаени со плиометрискиот метод на тренинг, Идејата на плиометријата е токму тоа, да се искористи еластичниот потенцијал на мускулите и тетивите, акција со екцентричен и уште поголема реакција во концентричен режим. Воглавно ваквите вежби се користат за нозете но проблемите се јавуваат кога треба да направиме плиометрија на пооделни групи на рацете и трупот. Многу федерации и клубови не ја претпочитаат плиометријата во своите програми затоа што е доста ризична за повреди. Со "ЕВНИК"   ризикот од повреди е исклучен а го имате истиот ефект на овој тип тренинг. Овој тип на помагало може да се употребува и кај деца, за разлика од науката која го забрануваше овој метод за возраст помала од 16 години.

За тренинзите најчесто започнуваме со комплекс од 10 -12 минути, после го употребуваме во главниот дел на тренингот за удари, аперкати и за брзо движење на корпусот, за на крајот да завршиме со вежби кои ги нарекуваат (мавтање во длабочина) како комплекс кој треба да го подобри протокот и да ги елиминира лактатите, Тренираме со "ЕВНИК"  5 пати неделно низ текот на целата година. Со еден збор ЕВНИК е револуционерен пристап во тренингот за развивање на мускулите.  10 минути на ден и 5 пати во неделата и веднаш ќе почуствувате резултат. Оние кои го пробале почуствувале различно напрегање и после 5 минути тренирање.  

Имате ли информација дали вашите направи ги користат познати имиња од светот на боречките спортови. 

За нашите продукти заинтересирани се голем број на познати и успешни борци, како Рој Џонс помладиот, Оскар Де Ла Хоија и многу други. Јас го сакам спортот и искрено сакам да ја подобрам методиката на тренинзи на познати и признати имиња но и на деца кој стартуваат со своето физичко формирање. Сигурен сум дека моите методи ќе отворат нова врата за многу спортисти и "ЕВНИК"  ќе стане дел од нивниот тренинг. Се надевам дека ќе влезе и во образовниот систем во раната возраст каде секое дете ќе ги почувствува благодетите на оваа направа.  

Секое дете, момче или девојче треба да се чуствува како што се чувстуваваат моите деца, да ја го подигнат нивото на своите способности и да го забрзааат еволутивниот процес на човештвото. Во блиска иднина ќе се потрудиме да разработиме методика на тренинг и за спортови кој немаат допирна точка со боречките вештини. Тоа ќе биде наш голем предизвик.

03 Декември 2015

За авторот