Дали знаете што е Swim-run

Она што пред некоја година започнало како кладба на пијано помеѓу двајца Швеѓани, денеска прераснува во нов интересен спорт кој зазема се поголем замав. Се работи за вид на дуатлон кој за разлика од традиционалниот составен од велосипед и трчање, овој е комбинација на треил трчање и пливање во отворени води. Ајде подетално да ѕирнеме што значи Swim-run… 

Практично „Пливај-Трчај” концептот претставува спортски дериват на дуатлонот и триатлонот кој комбинира пливање и трчање но во малку поотворен и самоодржлив формат. Всушност, тоа претставува спорт на отворено кој може да се практикува во било кои предели каде има водени површини погодни за пливање и патеки за трчање кое најчесто е вон асфалтираните патишта. 

Она што е разлика од останатите формати на слични натпреварувања е тоа што учесниците тука целосно сами се одржуваат во распонот од една до друга контролна точка т.е. комплетно сами си ги носат со себе сите работи кои им се потребни. 

Идејата започнува како кладба на пијано меѓу двајца Швеѓани за тоа дали ќе можат самостојно да поминат дистанца меѓу 20 островчиња во стокхолмскиот архипелаг. Во 2006 година Михаел Лемел (директорот на сега една од најпознатите вакви натпреварувања – Отилло во Шведска) го комерцијализира спортот преку натпревари и помага истиот да се рашири во повеќе држави претежно во северна и централна Европа. 

Интересно е тоа што на подолгите дистанци задолжително е учество во парови кои се поврзани со јаже поради безбедносни причини особено во отворените студени води каде најчесто се одржуваат вакви натпреварувања, а патиките, оделото и се што вие потребно е постојано на вашето тело т.е. немате менување на опрема. 

Наш пријател од Литванија – Сергеј Малинов кој е директор на првата ваква трка во Литванија ни ги претстави трите трки од едицијата SwimRun Trakai која се одржува секој јули во интересно мочуришно подрачје на гратчето Тракаи кое е на 30 километри од главниот град Вилнус – детални информации можете да најдете ТУКА

Искрено се надеваме дека некогаш ќе имаме некое вакво натпреварување можеби во Дојран, Охридското или Преспанското езеро.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија