Да се јавне Кобилица – бесценето

Одличното викендашко сонце овој февруари ПСД Макпетрол реши да го искористи на „тетовскиот Матерхорн”, прекрасната и тешка Кобилица.

Во раните утрински часови во недела на 15.02.2015, група од 18 планинари од различни македонски делови се собраа во селото Бродец откаде што започна зимското искачување на Кобилица. Прогнозата за тој ден уште рано наутро највуваше топло, скоро пролетно време. 

Искачувањето траеше цирка 5-5,30 часа со тоа што врвот Кобилица во последниот сегмент е доста стрмен и неопходни се голема претпазливост и користење на соодветна опрема за искачување.

Поставеноста на „тетовскиот Матерхорн” во тоа „море” од планини наречено Шара е токму централно и на дланка ги нуди прекрасните погледи кои на ваков убав ден беа уште попријатни за доживување. 

Да се јавне кобилица и да се ужива во нејзината моќ и убавина е навистина бесценето!

Линк до галерија ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија