Ви фали уште една „даска” – зачекорете во воденото

Да преминеме од традиционалните тренинзи и да се предизвикаме во други дисциплини… Сурфање! Андреналински возбудлив спорт, забава и лизгање на вода, но истовремено и предизвик дали сте доволно спремни да уживате во целост.

Овој спорт датира од времето кога луѓето почнале да пливаат во океанот. Се практикувало во Хаваи како умтеност ”he’enalu”, лизгање на бранови, во ритуалните обичаи молејќи ги боговите за идеални океански услови. Потекнува од Полинезија, откриен од Капетан Кук во 1778 година, а во 1907 година Џорџ Фрит го шири во Калифорнија. Со тек на годините оваа култура се популализира околу светот како мејнстрим спорт и уникатен животен стил.

Најголемиот бран денес извозен е во Назаре, Португалија, од Гарет МекНамара (45 години, Хаваи) со висина од само 30 метри.
Сурферското тело никогаш не нè остава рамнодушни. Јасно издефинирани симетрични мускули, долги екстремитети, неприметливо масно ткиво. Со одржување стабилност и баланс, се креира атлетско спортско тело и пред сè на забавен начин! Со самата техника се овозможува подобрување на физичката состојба на телото и умот. Доколку се одлучите за овој спорт потребна ви е предходна подготовка и тренинг како и за сè друго, со што би си помогнале вашето искуство да биде попријатно.

 Да постигнете фит кондиција за сурфинг перформанси, доволно е барем 20 минути дневно да бидете активни ако сте во форма, ако не, почнете веднаш со вашите кондициони тренинзи.
Неколку совети на кои делови од телото е пожелно да се фокусирате:
Горен и долен дел од телото
-флексибилност и баланс,
-кондиција,
-истегнување.
Со самото ова, вие ќе бидете во можност подолго да бидете активни и да уживате на брановите!☺
Вежби
Кардиоваскуларни вежби и пливање / бидејќи го вклучуваат срцето, белите дробови, помагаат во правилно дишење и задржување воздухот.
Мускулна издржливост / ќе ви овозможи енергија за време на перформансите, како и подолго траење. Вежбање на квадрицепсите на пример, ќе ви овозможи полесно исправување на даската.
Силов тренинг на трупот (core) / централниот дел на телото, рамена, грб, абдоминални мускули. Ова е една од најважните функции. Практикувајте чучњеви и одскокнувања, држење во позиција на штица или напревете тренинг со тегови.
Рамена, бицепс и трицепс / ќе ви бидат благодарни!
Јога / за воспоставување на баланс, флексибилност, издрзливост и ментална сила.
Сите мускули што ќе ги развивате за време на подготовката, при сурфање дејствието си продолжува.

 

Би можело да ве интересира да си набавите “Indo Board-Balance Trainer” кој совршено се вклопува во сите спортски активности кои вклучуваат баланс како клучен фактор.

Сурфањето е целосен тренинг каде со вашето тело мора правилно да постапувате. Соодветна исхрана, денови за одмор и закрепнување ви се и тоа како потребни. Високо проетинскиот режим на исхрана и ниско маслените продукти се добитна комбинација. Исто така, внесувајте што повеќе житни продукти, овошје и зеленчук.
Човечкото тело им 320 пара од мускули. А мускулните болки после сурфање, особено во ладни води, е честа појава. Доколку не водите сметка, може да ве доведат до дискомфорт и да го уништат совршениот сурф момент. Се појавуваат како мускулни контракции предизвикани од истегнување на мускулните делови, хипер-флексија, недостаток на кислород, драстични промени на телесната температура, метаболични вознемирувања, дехидратација, хипонатремија или ниско ниво на соли во крвта.
Флексибилноста, добра хидратација и правилната исхрана, силно влијаат на намалувањето на оваа појава. Основно е конзумирањето на вода, а доколку вашето тело располага со натриум и калиум со внесување на банани, лубеници и несолени јатки, тоа е уште една предност за вас.

Само што правилна исхрана не е доволна, туку и редовна физичка активност. Ако сте спортист, 1-2 сесии неделно ви се доволни. Пожелно е по 10 минути дневно, секое утро да го започнете денот со будење и загревање на телото, кое ќе ви врати со услуга – спремност за поголеми предизвици.
На крај од вашето сурфање не заборавајте да се истегнете и да го опуштите телото, а доколку осетите потреба може и да направите блага масажа во спротивен правец на мускулните болки за да ги ублажите воспалените места.

Автор

Iva Sliva

Скопје

Македонија