Церипашина Вертикал 2015

Во организација на македонското здружение на планински тркачи TREX, зимскиот вертикален километар на Церипашина како и другите скај-ран трки од овој тип полека но сигурно градат една убава традиција во нашето секојдневие.

Зимскиот вертикален километар на Церипашина оваа година беше вториот по ред во серија заедно со неколку други скајран трки организирани од TREX.

Карактеристично за овие трки е тоа што се екстремно кратки (според стандарди не повеќе од 5 километри) но се исполнети со позитивно висинско качување од 1000 метри висина што ги прави исклучително тешки и специфични.

Оваа година зимскиот вертикал на Попова Шапка го трчаа вкупно 24 души меѓу кои и 2 девојки. Поради лошите временски услови трката беше скаратена за 300 метри висинска разлика па така, наместо да завршува на врвот Антени, таа заврши кај последната куќичка од жичарата на Церипашина. 

Победник во машка конкуренција беше Марјан Бонев со време од 41:35, после него заврши Александар Кирковски со 42:59 и Жикица Ивановски со 43:08. Од жените, прва заврши Американката Емили Негл со време од 01:05:48, а втора беше Маја Шулиќ, 01:13:26. 

Сите резултати следат подолу – 

1. Марјан Бонев, 41:35
2. Александар Кирковски, 42:59
3. Жикица Ивановски, 43:08
4. Виктор Ефремнов, 46:47
5. Александар Симјаноски, 47:53
6. Јовица Јованчев, 48:58
7. Дејан Тодевски, 49:23
8. Игор Јовановски, 54:18
9. Михаил Стефанов, 54:30
10. Срѓан Милошевски, 55:00
11. Кирил Стефановски, 56:50
12. Екалабија Божинов, 57:34
13. Димитар Поповски, 59:59
14. Игор Пирковски, 01:01:15
15. Борче Милосковски, 01:02:35
16. Emily Nagle, 01:05:48
17. Владимир Спасовски, 01:08:18
18. Драган Петровски, 01:10:05
19. Деан Тодоров, 01:12:20
20. Кристијан Огњановски, 01:13:25
21. Маја Шулиќ, 01:13:26
22. Игор Марковски, 02:08:00
23. Дејан Доневски, DNF
24. Дарко Нaсов, DNF

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија