Богата џудо претстава на „Миоки Опен 2013“

Мала сала во еден огромен спортски центар, ама преполна со џудисти од сите возрасти и од целиот Балкан. Милина за гледање, навивање и уживање.

На 4 Меѓународен џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“ меморијал „Панче Момировски“ што се одржа во Саботата на 02.11.2013 учествуваа 367 натпреварувачи од 40 џудо клубови претставувајќи 10 држави.

Гледачите можеа да уживаат во 10 часа на борби кои се одвиваа на 4 борилишта во прекрасна спортска атмосфера. Ова беше најсилниот, најквалитетиниот, а воедно и најмасовниот џудо натпревар одржан во Македонија.

Организацијата беше на највисоко ниво а самиот настан беше оквалификуван како турнир во рангот на еден Балкански Шампионат за што организаторот ЏК Миоки ги доби сите комплименти.

На натпреварот можеа да се сретнат и елитни џудисти, Европски и Балкански шампиони што даде голем акцент на квалитетот. За најуспешна странска екипа беше прогласена ЦСК – Софија а најуспешна домашна екипа ЏК Миоки од Скопје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија