Битолско Мариово на точак во зима

И покрај студеното време викендот на 15ти декември наместо на планарење денот одлучивме да го искористиме на преубавиот див терен за планински велосипедизам во Битолско Мариово.

 

Група од пет битолчани: јас (Саша), Кире, Александар, Никола, Коста и двајца ресенчани Ѓоко и Христијан со коли стигнавме до село Маково и од тука ја започнавме турата преку с.Рапеш, посета на манастирот Св. Димитрија во с.Чебрен кој се наоѓа на самиот брег на река Црна и прекрасното с.Зовиќ во кое што моментално живеат само 7 жители. Патеката е во вкупна должина од 55 км