Биомеханички карактеристики на основниот одбрамбен став во кошарката

Одбрамбениот кошаркарски став преставува неприродна човекова положба во нормалниот живот поради што неговата класификација се сврствува во делот на специфичните кошаркарски – моторички способности.

 

Како дел од специфичната кошаркарска моторика овој став преку неговите биомеханички карактеристики има основна цел да обезбеди оптимални услови за одлична рамнотежна положба како главен предуслов за изведување на брзи реакции при извршувањето на одбрамбените задачи.

Ширина на ставот – растојанието помеѓу стапалата во голема мера ја овозможуваат рамнотежната положба на ставот како главен фактор од кој ќе зависи квалитетот на последователните одбрамбените дејствија. Освен што го одредува квалитетот на рамнотежната положба и овозможува брза реакција во исто време со ширината на ставот одбрамбениот играч завзема и одреден простор на теренот во зависност од одбрамбените цели и ситуационата позиција во која се наоѓаат играчите.

Оптималната ширината на ставот според повеќето тренерски стручњаци не би требало да биде помала од ширината на рамењата, но и нетреба да биде екстремно широко растојанието помеѓу стапалата од едноставна причина што претерано широкиот став има негативно влијание врз брзината на одбрамбените реакции и движења при изведувањето на одбрамбените дејствија. Врз ширината на кошаркарскиот став големо влијание имаат и индивидуалните карактеристики и способности на секој играч посебно бидејќи истиот зависи и од должината на долните екстремитети, подвижноста на играчите во препонскиот дел од телото, брзината, силата и др.).

Ставот треба да биде удобен, без чуство на преголем напор и непријатност.

Минималната ширина нетреба да биде помала од ширината на раменскиот појас ниту пак да се форсира преголема ширина по цена на намалување на брзината на реакциите и одбрамбените дејствија.

 

Висина на ставот – висина на ставот во најголема мера зависи од аголот помеѓу натколеницата и потколеницата на долните екстремитети. Премногу нискиот како и претерано високиот заземен став имаат негативно влијание врз брзината на одбрамбената реакција меѓу тоа важно е да се напомене дека оптималната висината на ставот кај секој поединец е различна и зависи од конституција на играчите. Аголот помеѓу натколеницата и потколеницата обично се движи во распон помеѓу 135 и 160 степени.

Оптималната висина на ставот (аголото помеѓу натколеницата и подколеницата) е онаа висина кога играчот е во положба во која коленото се наоѓа истурено према напред во линија со предниот дел од прстите на стапалото.

Главата и трупот – глават треба да биде исправена со погледот према напред и во природна положба над трупот кој исто така е прав и благо наведнат према напред со мала флексија во карличниот предел кој е малку повлечен према назад додека тежината е рамномерно распоредена на предниот дел од стопалата. Секое екстремно померање на актуелните зглобови има негативно влијание и ја нарушува рамнотежната положба.

Освен за добра прегледност во играта положбата на главата преставува основен регулатор на рамнотежната положба .

 

Положба на рацете – поставувањето на рацете зависи од одбрамбените задачи и моменталната ситација на теренот (одбрана на играч со топка, одбрана на играч без топка и др.), меѓу тоа нивната функција во голема мера влија и врз економичноста на движењата и задржувањето на рамнотежната положба. Поставувањето на рацете во одбрамбениот став (иако постојат повеќе комбинации во зависност од ситуацијата и целта на одбраната) можеме да го класифицираме во три основни положби:

Во првата положба рацете се истурени према напред со флексија во лакотниот зглоб така што дланките се наоѓаат во висина на градите (палците се ви линија на рамениот појас) и се свртени према горе.

Во втората положба рацете се поставени така што се надлактицаите се во висина на рамениот појас, лакотниот зглоб е во флексија (под агол од 90 степени), а дланките се наоѓаат над висината на рамениот појас свртени према напред.

Третата положба е комбинирана положба така што едната рака е поставена со дланката во висина на коленото и свртена према горе, а другата рака е поставена со дланката во висина на градите или над висината на рамениот појас.