Жеништата можат!

Затоа што нема никаква врска колку покажува сказалката на вагата, затоа што нема врска што мислат другите, затоа што сакаш да се потиш, затоа што знаеш и тоа како да удираш, и шутираш, и у п.м. изгледаш јако.

 

Откако на една понова анкета се покажа дека 75 проценти од жените во Велика Британија имаат желба да бидат повеќе активни, Sport England, организација која што поддржува спортски програми во оваа земја реши да направи мало поттикнување на оваа популација.

Најголемиот дел од девојките и жените кои го немаат „перфектното“ тело имаат проблем со отпочнување на некаков спорт поради стравот од предрасудите за нивната тежина, големина и изглед. Кампањата која е екстремно енергично вклопена во 90 секунди го покажува токму спротивното. Без разлика на вашиот изглед, спортувањето е нешто кое што секој може и секој треба да го применува.

Женишта, овие жени можат, можете и вие!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија