Вежбањето создава поздраво салце

Па дури и ако не се прави некоја значителна разлика во вагањето после долготрајните тренинг и хранителни режими, не треба да се паѓа во очај. Две прелиминарни студии велат дека вежбањето прави промена на типот на масните наслаги, претворајќи ги „лошите“ во „добри“. 

Во две различни студии, едната правена на заморчиња, а другата на луѓе се покажа дека вежбањето придонесува во создавањето на повеќе „кафени“ масни наслаги, односно до трансформирање на „полошите, бели“ масни наслаги во „подобриот тип“ на кафени.

Претворањето на масните наслаги во кафената варијанта довело до важни измени за тоа како самите масти се однесуваат во телото. Кафените масни наслаги биле метаболички поактивни од „белиот“ тип на масти, а со правење на додатни истражувања на заморчињата беше докажано дека ова сало реагира посензитивно на нивоата на глукоза и инсулин во крвта (важен параметар за превенирање на дијабетесот).

Кај заморчињата до претворање на белото поткожно масно ткиво во кафено дошло по 11 дена проследени со редовно трчање на тркало, а кај луѓето тоа се случило по 12 недели редовно вежбање на велосипед.

Иако двете студии се само прелиминарни, односно се уште не се издадени во соодветен научен магазин, ова само ги надополнува позитивни придобивки кои ги пружаат различните видови на спортски активноси и вежбањето врз нашиот организам.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија