Зегама е Зегама

Вака се навива на (еден) маратон!!

Таму, каде што колективно сите граѓани од едно мало место успеваат (пешки) да се качат на врв планина (а не само да искочат пред зграда) за да ги бодрат спортистите, таму, каде спортот е религија, таму, откаде може да се учи. Со надеж дека ќе ги поттикнеме нашите читатели и нашата публика на слични активности за време на нашите спортски настани!

ZEGAMA IS ZEGAMA – Aizkorri Summit 2017 from Julen Elorza on Vimeo.

Видеото е снимено на највисоката точка од планинскиот маратон Зегама, врвот Аизкори кој е дел од националниот парк Аизкори-Арац во баскискиот дел од Шпанија. Маратонот се одржува некаде на крајот од мај веќе 15-тина години и има статус на еден од најврвните спортски настани каде публиката буквално го окупира гребенот на Аизкори и прави лудило атмосфера!! 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија