Социјална инклузија преку спорт-Спорт за сите

Минатата недела ТАКТ одржа обука за тренери во рамките на проектот кој се спроведува во општина Крива Паланка ,, Социјална инклузија преку спорт-Спорт за сите”.

Преку спортски активности тренерите беа едуцирани за моќта на спортот да обедини, да спријатели и да промовира инклузија за маргинализирани лица. Групата на тренери кои работат во училишта и спортски клубови во Крива Паланка, стекнатото искуство ќе го споделат во својата средина и ќе обучат млади лица кои ќе бидат лидери и дел од локалното партнерство ,,Спорт за сите”.
Овој пилот проект е поддржан од Германското Друштво за меѓународна соработка.

Автор

TAKT NGO

Скопје

Македонија