Hip Thrust на релација Скопје-Доха – Интервју со Симона Стојановски

Симона Стојановска е персонален фитнес тренер што работи во Катар и често е на релација Скопје – Доха. Веќе неколку години по ред се појавува на домашните натпреварувања во Фитнес и Боди Билдинг и забележува виден напредок и резултат во нејзината форма. Затоа одлучивме да поразговараме со Симона за нејзините работни рутини, планови и амбиции. 

Почетоците, првиот тренинг, првата мускулна треска…кога и каде почна приказната на Симоне фитнес?

Почнав да работам во теретана случајно , пријател мој отвараше теретана и некако коцките се наредија. Од таму почна се. Го надоградив своето знаење на Факултетот за физичка култура, одсек фитнес и бодибилдинг, и после 6 години работење како тренер решив да се фокусирам повеќе на натпреварувањето во категоријата бикини фитнес.

Скопје-Доха, амбиција, работа како персонален тренер и искуствата од твојата работа?

Во Доха сум веќе 3 години. Работам како персонален фитнес тренер. Имам клиенти кои ги вежбам по дома во нивни теретани како и клиенти кои вежбаат во класична теретана. Треба време да се навикне човек на оваа култура но нивото на фитнес во оваа земја е многу сменет на подобро во текот на годините. Моменталниот фокус ми е да се пробијам на европската натпреварувачка фитнес платформа, рамо до рамо со врвни натпреварувачи. Полека но сигурно целам кон тоа.

Твоите награди и успеси во ИФББ натпреварите во Македонија и странство?

Со оглед на тоа дека ова ми е втора година во натпреварувачкиот свет овие се наградите кои ги имам освоено:

X2 Бикини фитнес шампион (Куп на Мк) 2018/2019

1во место Бикини Фитнес (Атлета на Мк) 2018

3то место Бикини Фитнес (Diamond Cup Mk) 2018

Првиот натпревар каде го скршив мразот беше Куп на Македонија 2018, го освоив првото злато. Потоа следеа Атлета на Мк и Diamond Cup Mk 2018. Годинава повторно освоив 1во место на Куп на Мк 2019. За завршеток на сезоната 2019 имам во план да се натпреварувам на уште 4 натпревари кои се при крајот на оваа година. А за следната , плановите се уште поголеми од оваа 2019.

Опиши ни ја твојата дневна работна рутина?

Најчесто се будам околу 7 часот наутро , пијам колаген, витамини и кафе и правам 1 час кардио на гладен стомак. Еден ден е 10км трчање, нареден ден е 1 час степер или орбитрек зависи од расположение а и од тоа како се осеќам тоа утро. Потоа имам најчесто 6 до 7 клиенти кои ги тренирам по дома. Навечер правам тежински тренинг и готвам за наредниот ден. Имам еден ден кога не работам, обично тренирам и останатиот дел од денот го поминувам на плажа.

Омилена вежба или тренинг? И што конзумираш за време на тренингот?

Омилена вежба ми е Hip Thrust, дефинитивно. Омилен тренинг рамо и тренинг за нозе. За време на тренинг обично конзумирам амино киселини.

Нешто повеќе за твојот вебсајт и твоите програми? Каква е реакцијата на публиката и на твоите клиенти?

www.simonnefitness.com е место каде што клиентите а и било која друга особа сака да стапи во контакт со мене. Доколку се заинтересирани за тренинг програми, исхрани, фитнес совети, можат се да најдат на мојот сајт. Исто така и моите две фитнес програми. Едната е 6 недели фитнес програма со вежби кои се изведуваат во теретана. Total body workout е и иде со вежби и видеа за правилна изведба на вежбите. Втората е 4 недели фитнес програма , но главен фокус е глутеусот. Може да се вметне во било која фитнес рутина и се тренира 3 пати неделно , доколку клиентите сакаат да го подобрат изгледот на глутеусот (задникот) ова е совршената програма за нив. Досега “Booty on fire” е најпродаваната од нив.

Која е твојата омилена храна, дали готвиш и каде ги поминуваш твоите гурмански моменти?

PIZZA! Секогаш е пица. И сладолед како десерт. Готвам константно, Off сезона како и за време на преп. Бидејќи подготовките за натпревар се ригорозни, морално е да се готви по дома поради избројан внес калории и макронутриенти. Омилени ресторани во Скопје ми е Амигос и Костарика Тука во Доха би рекла Mykonos (грчки ресторан). Најомилените гурмански моменти ги поминувам обично со пица и гледајќи MotoGp

СТАТИИ ОД СИМОНА СТОЈАНОВСКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија