Што се крие под хаубата?

Телото претставува најсложениот биолошки орган, извршувајќи безброј функции дури и за една секунда. Еве неколку интересни податоци со помош на кој ќе погледнете подлабоко како функционира вашето тело.

  • Нервниот импулс од мозокот се движи со брзина од 290 километри на час.
     
  • 17 мускули ви се неопходни за да се насмевнете, 47 за да се намрштите.
     
  • За да направите еден чекор користите 200 мускули.
     
  • 300 милиони клетки умираат секоја минута во нашите тела.
     
  • Мозокот користи 20% од вкупниот кислород кој проаѓа низ крвотокот.
     
  • Срцето на спортист во просек испумпува од 25 -30 литри крв во минута.
     
  • Од познатите 118 хемиски елементи 24 се наоѓаат во телото, што е вкупно 5 % од телото – половина од тоа е калциум.

  • Во човечкото тело има доволно фосфор да се направат 2000 чкорчиња, јаглерод да се направат 900 моливи, масно ткиво да се направат 7 сапуни или 75 свеќи.
     
  • Ноктите на прстите растат за 4 пати побргу од оние на нозете.
     
  • Просечно 2/3 од телото е вода. Крвта е 95% вода а мускулите и мозокот содржат 75% вода. Освен вода во мускулите има и 20% протеини и 5% неоргански соли и останати супстанци.
     
  • Вашето срце прави 100 000 отчукувања дневно, за време на просечен живот ќе направи 3 милијарди отчукувања и ќе испумпа 400 милиони литри крв.
     
  • Вашата уста произведува 1 литар плунка дневно.
     
  • Човечката глава е составена од 22 коски.
     
  • Просечно вдишувате по 23 000 пати на ден.
     
  • Дишењето произведува 0.6 грама CO2 секоја минута

  • За време на животот ќе испиеме во просек 75 илјади литри вода.
     
  • Скелетните мускули се најголемо ткиво во телото и во просек од вкупната телесна маса се застапени со 45% кај мажите и 36 % кај жените.
     
  • Мускулите се составени од мускулни влакна, секое мускулно влакно е потенко од влакно од коса, и може да издржи тежина 1000 пати поголема од сопствената.
     
  • Основната функција на мускулот е да се контрахира. Тоа овозномува телото да се движи. Мускулите се со голема ефикасност, бидејќи користат само 30-50 % од полниот потенцијал додека функционираме во нормални услови.
     
  • Луѓето кој до својата 65-та година не тренираат редовно и не се во некаков тренажен процес со голема веројатност до оваа возраст ќе загубат дури до 80% од силовиот капацитет на мускулатурата.
     
  • Луѓето кој навршуваат 80 години од животот и се седентарни ќе изгубат и до 50% од својата мускулна маса.

  • Нервно-мускулната контрола се врши со помош на таканаречена моторна единица/плоча (motor unit) овој систем е составен од моторен неурон и мускулни влакна кој се под негова инервација. Некој мускули на подлактицата се инервирани од 120 моторни единици кој контролираат 41 000 мускулни влакна, додека кај една глава од мускул на подколеницата која е инервирана од 580 моторни единици се контролираат  1 030 000 мускулни влакна.
     
  • За време на вежбање за кое е потребно внес на 4 литри кислород мускулната кислородна потрошувачка се зголемува за 70 пати во однос на потребите кога се мирува.
     
  • Врвот на максималната сила кај мажите и жените се постигнува во преиодот помеѓу 20-30 години.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија