Што може да научиме од еден слеп маратонец?

За почеток на статијава, а и за добар крај на воведов, ќе научиме дека: „Eдинствените граници во нашиот живот се само оние кои ние ги прифаќаме“.

Еден од маратонците на овогодинашниот Њујорк Сити Маратон е 64 годишниот Мајлс Хилтон – Барбер, комплетно слеп и комплетно прав авантурист.

На 21 година, тој го губи видот поради генетски наследена состојба, а оваа животна пресвртница ни малку не го спречува да си го живее животот во полн ек. Напротив, како да делува стимулирачки. 

Денес, тој е познат како „слепиот авантурист“ бидејќи има поминато 400 километри низ Антартикот, има истрчано 240 километри низ Сахара, го има завршено 11 дневниот ултрамаратон низ Кина, од пустината Гоби до Кинескиот Ѕид. И што уште повеќе?

Падобранство, пливање со ајкули, рафтинг, а сега и маратонот во Њујорк. 

Мајлс трча со една голема цел: помош за децата од земјите во развој за добивање на соодветни опреациони постапки за катаракта.

Мотивациониот говорник споделува некои од неговите совети за долг, исполнет, квалитетен и задоволен живот, и покрај неговата состојба.


1.Вметнете регуларни вежби во вашата зафатена недела. Гледајте го ова како работна обврска, не луксуз. 

2.Водете искрен дневник за сè што јадете во текот на денот. Секој ден.

3.Ако некоја вежба ви делува тешка, почете со бебешки чекорчиња, со џогирање, возење велосипед или кратки сесии во теретаната. Одењето со добро темпо, 45 минути, три пати во неделата ќе ве одржи во форма. И запаметете, вежбањето е одличен начин за ослободување од стресот. 

4.Поставете си цел. Тоа може да биде некој спортски настан, а уште поубаво ако има хуманитарна позадина која додатно ќе ве мотивира. 

5.Земете си под рака некој пријател да вежба со вас, позабавно е.

6.Запаметете дека имате еден живот на планетава и дека вие сте скапоцена и важна личност, па престанете да си крадете од вашето време и трошете го повеќе со оние кои ви се важни во животот. 

7.Направете си евалуација на вашиот живот, што правите со вашето време и енергија и како го менаџирате вашето здравје и живот.

8.Денес е подарок, па уживајте го и користете го разумно. Имајте на ум дека има многу повеќе од материјалната вредност во животот.

9.Парите не се мерило за успешен живот. Успехот доаѓа со квалитетот на животот и мерилото за тоа колку сте исполнети и среќни.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија