Моќта на позитивната автосугестија во спортот

Сретнувајќи се со фактот дека покрај истоштувачкиот тренинг на спортистот, после што натапува комплетна мускулна слабост, во мускулите биле пронајдени резерви на гликоген, научниците се вртат кон друга теорија за физичката изнемоштеност – психологијата и мозокот.

Научната енигма која ја следи состојбата на мускулна изнемоштеност и слабост не е ништо ново, а научниците сè уште не можат да разберат точно кога телото веќе не е во можност да продолжи со одредена физичка активност.

Многумина претпоставуваа дека активноста полека згаснува со трошењето на енергетските резерви и течности кои се наоѓаат во мускулите, но студијата правена на заморчиња кои беа терани „бескрајно“ да трчаат покажа дека резерви и после тоа, има!

Па сега научниците се вртат кон друга теорија за мускулната слабост предизивикана од физичка активност, а таму централно место зазема мозокот, каде што се теоретизира дека токму тој, а не мускулите, решаваат и иницираат замор и истоштеност по анализирање на одредени телесни „инпути“.

Позитивната автосугестија е моќна психолошка алатка кој одамна позната и се применува во многу древни источни практики, а сега беше ставена на тест кој имаше задача да докаже дали и како делува врз издржливоста во спортот.

Најпрво, на двете групи на испитаници им биле мониторирани и измерени сите релевантни бројки (срцева фреквенција, темпо и силата која ја продуцирале) за време на возењето на стационарен велосипед на 80 проценти од нивниот капацитет, до откажување.

Потоа, во рок од две недели испитаниците си продолжиле со нивните дневни фитнес рутини, но едната група била научена да зборува со себе, односно да се самомотивира. Биле избрани фрази како „се чувствувам одлично“, „одлично ти оди“ итн. кои на испитаниците им било наложено да ги употребуваат при секојдневното вежбање.

По две недели, групите повторно биле ставени на тестот со велосипедот, а испитаниците кои се мотивирале преку авто-сугестија направиле подобри резултати од своите претходни иако физичката потрошувачка во вежбата останала иста како и при иницијалното возење.

„Со ова се докажува дека мотивациото зборување со себеси ги подобрува кондиционите перформанси отколку неправењето на истото. Сепак, за тоа да биде најефективно, говорот треба да биде константен и систематичен“, – вели Самуел Маркора, директорот на истражувањето, особено при натпреварувања кога компетицијата полека исчезнува, и натпреварувачот останува сам со себе.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија