Колку години има типкава?

Крајно некултурно од наша страна, ама не ја прашуваме нејзе, вас ве прашуваме? 

 

Сторијава за Ернестин Шепард која кружи од пред неколку години, и сè уште актуелна, нека ви биде како денешен мотивационен шамар, без разлика на вашите години.

А на прашањето за годините сметаме дека ниту таа ќе се налути, бидејќи гордо треба да си каже дека така добро си го шета својот телесен храм наоколу на нејзини 77 години, со рамно стомаче, затегнато тело и кожа и феноменално здравје.

Ок, ретко видена баба, ако може така да се каже, која сериозно работи на своето здравје. Па во суштина кога си пензионер имаш еден тон слободно време, само треба мудро да одбереш што ќе правиш со него, нормално во склад со твоите можности.

Другата, поимпресивна страна на приказната е како и кога таа почнала сериозно да работи на својот изглед и здравје. Ернестин не вежбала сè до нејзината 56-та година од животот, кога заедно со нејзината сестра пробувале некои костими за капење и не си се свиѓале кога се погледнале во огледало.

Двете, таа и нејзината сестра Милдред започнуваат сериозно да работат на фитнес, и стануваат двете најстари бодибилдерки на светот. По некое време Милдред починува, но по емотивниот стрес од фатктот, Ернестин се враќа на правата патека и станува она што е, перфектна форма во 77 годишно тело.

Во 2010 година таа добива Гинис за најстар женски бодибилдер во светот, а како дел од својата дневна фитнес рутина таа споменува трчање и редовно вежбање, читање на книги, пиење на многу вода и јадење јајца секој ден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија