Како музицирањето ни го обликува тренингот

Се смета дека човечката љубов за музика делумно еволуирала за да ни ги олесни физичките маки кои сме ги трпеле во разни ситуации. И во теретана има напор и маки.

И сами сте осетиле разлика како еден обичен „плеј” може да делува мотивирачки, а тек вие да бидете „диригентот” кој ќе јас создава музиката.

Поврзаноста на она што го слушаме и начинот, односно интензитетот со кој вежбаме е одамна позната и докажана. Но, никој досега не го истражил ефектот на активно креирање, а не само слушање на музика за време на вежбањето и дали тоа значително се разликува.

Истражувачите од Лајпциг, Германија решија да интегрираат електронска опрема на различни машини за вежбање кои ќе формираат некаква музика и ритам за време кога се активни (некој вежба на нив). Со разни движења, машината всушност создава електронски ритмови, звуци итн., а научниците се во можност да следат како тоа делува на интензитетот на вежбање.


Би можело да ве интересира: Звуците на теретаната


Регрутирани биле 63 мажи кои биле поделени на трите опремени машини и работеле 6 минутен интензивен тренинг додека машините произведувале различна музика во зависност од интензитетот на нивниот напор. Всушност луѓето биле некакви си ДЏ-и преку нивните вежби.

За да биде спореден физичкиот напор во одделна вежба истите луѓе вежбале на исти машини но без музиката.

Резултатите покажале дека волонтерите кои „музицирале“ во нивниот тренинг генерирале сигнификантно поголема мускулна сила, а исто така користеле помалку кислород за да ја генерираат таа сила од кога вежбале без музиката.

Др. Фриц, еден од истражувачите изјавува:

  • „Креирањето на сопствените мелодии и ритмови го намалува физиолошкото „чинење“ на вежбата во компарација со вежбањето при пасивно слушање на музика.“

Музичкиот сет на германските научници не е комерцијално достапен.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија