Наслов

Како да ја зголемите самодовербата и самооценувањето

Зголемете ја евалуцијата за себеси и самодовербата следејќи ги советите подолу...

Намалете ја употребата на социјалните мрежи

Нема поента од гледање колку фанови и пријатели имаат другите луѓе на социјалните мрежи, па затоа често потсетувајте се себеси дека сите овие социјални мрежи се создадени за да веруваме во една илузија која не е вистински живот. Никогаш не се споредувајте со другите, ниту својот живот, ниту вашето тело, ниту она што го правите. Вие сте посебни такви какви што сте. Ако немате нечија слава или тело не завидувајте, бидејќи тоа не значи дека тој/таа е посреќен од вас.

Однесувајте се кон себеси како кон најбизок пријател

Запрашајте се дали би ја разочарале вашата мајка, сестра, дете или близок пријател? Се разбира, не! Па зошто да го направите тоа со себеси? Започнете да се сакате себеси, да се почитувате и прифаќате, со доброто и лошото.

Фокусирајте се на позитивноста

Гледајте на вашите аспирации како подобрување. На пример, ослабнете за да инвестирате во поздрав живот, а не затоа што ги мразите вашите бутини.

Мотивирајте се себеси

Фалете се себеси откако ќе завршите некој проект на работа, кога ќе постигнете некоја цел, кога сте успешни (независно колку е мал тој успех), донирајте нешто за добротворни цели, или дозволете си себеси посебна обука.

Прифатете ги комплиментите

Едно "благодарам" ќе заврши работа, но не спротистувајте се на некој комплимент. Прифатете ги нештата со позитивност и никогаш не размислувајте на спротивното.

Размислете "бев доволно добар"

Прошетајте, разговарајте со себеси, секогаш мислете дека заслужувате повеќе простор за докажување и ќе почнете да верувате во тоа.

Дајте соодветна вредност на вашите способности

Наведете најмалку 10 работи што повеќе ги вреднувате кај себеси. Запишете ги како листа на работи што ги сакате кај себе и преформулирајте ги овие мисли на позитивен начин. На пример "јас сум малку срамежлив, но тоа ме прави добар слушател".

25 Октомври 2017

За авторот