Каде е нашата младина?

Веројатно на клупа пред зграда, затворенa дома пред компјутер или заблеaна во зрачниот смартфон… Кој ќе владее со светот и што велат пророштвата не e нималку тема на статијава. Но доколку ја читаат родители, знајте едно, нема подобра инвестиција во вашата челад од спортот. Запишете ги да скокаат, трчаат, да се натпревруваат, да губат и победуваат, за да израснат со правилен психолошки и телесен израз, со самодоверба и истрајност за да се соочат со сите предизвици во животот, и да изградат навики што постојано ќе ги облагородуваат. 

На видеово направено во Храмот Шаолин – Кун Фу Академија (Мејд ин Чајна) ќе видите систем во кој секојдневно 36 илјади деца ги изучуваат и усовршуваат кинеските боречки вештини. Академијата е формирана во 1978 година и се простира на површина од 730,000 квадратни метри. 

П.С. Откако ќе го погледнете видеото ќе сфатите дека треба да  јадеме ориз почесто и дека Кочани треба да биде главен град. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија