Алгасан и Бут Камп Бубало Фит Предизвик 2

Елена Бубало ни раскажува за вежбите и мотивацијата на Фит Предизвик #2

Веќе втора година како брендовите Алгасан и Бут Камп Бубало го организираат и реализираат натпреварот наречен Ултимативен Фит Предизвик Vol. 2 (УФП2016).

Добро е позната причината за негово организирање, начинот на натпреварување, пријавување и останати генерални информации, кои што крајно водат до еден спој на забава, дружење, вежбање и натпреварување.

Сега малку повеќе ќе зборуваме за натпреварувачките денови…
Оваа година УФП2016 се реализира во 5 натпреварувачки денови. Сите денови се тематски, односно носат свое име:

Ден 1: SHOW YOUR POWER
Ден 2: LIBERATING HUMAN MOVEMENTS – THE ZUU
Ден 3: TEST YOUR VO2 max
Ден 4: FULL BODY TEST
Ден 5: FINAL DAY

Во зависност од името на деновите, така се организирани и вежбите за секој ден.
Броењето, времетраењето, брзината и начинот на изведување на вежбите се определни според тежината на секоја вежба.

Па кога би почнале по редослед, на првиот натпреварувачки ден натпреварувачите беа ставени на тест преку кој ја докажуваа нивната моќ, вклучувајќи вежби во кои подеднакво се бараше сила, брзина, време и 100% напор. Имавме за броење доста склекови, чучнувања, стомачни различно искомбинирани, збогатени со некоја дополнителна вежба.

Откако им ја проверивме моќта, на вториот ден преминавме кон сосема поинаков пристап, па неизбежни беа ZUU вежбите во кои целта беше за кратко  да се ослободи човечкото тело од стандардните човечки движења. Навидум лесни и интересни, но по првото повторување, мускулните болки траат и по 3 дена :).
Добро познатите GORILAZ, BEAR WALK, INCH WARM, SNAKE, FROG кои иако тешки за изведување, придонесоа да се збогатиме и со некоја насмевка и покрај капките пот.

Стигнати сме до третиот ден каде му дадовме приоритет на кислородниот капацитет на секој натпреварувач, па различно од претходните денови, натпреварувачите имаа задачи да трчаат односно да спринтаат 100 метри, скокаа во вреќи, трчаа должина од 1200 метри, па за некои беше лесно, а за некои незамисливо дека треба да трчаат.
Остануваат уште 2 дена за кои нема да ги откриеме вежбите и со нетрпение ќе ги чекаме крајните резултати.

Различни денови со различни вежби, каде овозможивме секој да се докаже и освои најмногу поени каде што е најдобар, но воедно и да се соочи со вежби во кои се чувствува послаб, па се надеваме дека истите ќе ги вклучат после натпреварот и во своите индивидуални тренинзи, а следната година ќе дојдат комплетно подготвени.

Мотивација има цели 100 минути колку што трае натпреварот. Тимовите се натпреваруваат меѓу себе, но истовремено си даваат подршка, се дружат и делат исти маки.

Ни преостануваат уште 2 дена, секој кој сака да дојде и навива, да биде поддршка или е љубопитен да види како си поминуваме, слободно нека ни се придружи следниот вторник.

Спортски поздрав,
Елена Бубало