Дали оптимистите се навистина поздрави?

Причина плус да престанете да кенкате, да се однесувате песимистички и да гледате единствено од негативната страна на муабетот или работата е тоа што научните докази дека оптимистите се навистина поздрави од песимистите се сè повеќе присутни.

Позитивното и оптимистичко размислување се верува дека е клуч за зачувување на добро здравје и ум, а се повеќе научни доказ застануваат во одбрана на овој став. 

Во едно поголемо истражување правено на повеќе од 200 студии се покажа дека оптимистите имаа за 50 % помалку шанси да доживеат некаков здравствен проблем со срцето од оние кои често размислуваат негативно. Депресијата, гневот, анксиозноста и нервозата се голем минус по вашето кардиоваскуларно здравје. 

Иако резултатите од погорните истражувања се подложни на многу на варијабли кои реално постојат, научниците се погрижиле да ги исконтролираат важните фактори кои би можеле да влијаат врз резултатите од студијата како пушењето и тежината кај испитаниците и да дојдат до некакви реални факти. 

Други пак студии велат дека оние што размислуваат оптимистички помалку настинуваат и полесно се справуваат со стресните моменти во однос на оние кои размислуваат негативно. Иако не се сигурно зошто точно е ова вака, се смета дека среќните луѓе имаат пониски нивоа на стрес хормони во телото со што се заштитуваат од штетните ефекти на долгорочно ниво. 

Исто така, оптимизмот и мотивационите мисли честопати можат да го побијат физичкиот замор кога во прашање се тренинзите и напорните натпреварувања на спортистите што ја зголемува шансата за подобри резултати од другите натпреварувачи. 

Размислувајте позитивно, уживајте во моментот и ценете го секое насмеано парче кое ви се случува во денот и подобрете си го вашето целокупно здравје. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија